врз (предл.) - страница (имн.)

Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад не го чул како ни тој што не го чул чкртањето на здружените двоколки по чиј ред жените и децата оделе до Бекирова ливада. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се случувало овие дамки од пепелта да бидат разлеани врз страницата, бездруго од Мајкините солзи, и да го означат релјефот на нивната голема љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во пепелта врз страниците на некогашните таткови најконцентрирани читања, патот водеше кон Цариград, град на неговата младост, но и на неговите големи илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)