врз (предл.) - пушка (имн.)

Некој викал сонувајќи свои ужаси. Не го чуле, спиеле. Ни урнување на ридиштата не ќе ги разбудело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И стражарите, иако со раце врз пушките, спиеле со зјапнати усти, тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навали глава врз пушката и одеднаш - ја совлада некаква незнајна сладовина, неспозната леснина и рој мисли ѝ ја наполнија главата кои нескладно, една преку друга се превртуваат, претуруваат, се мешаат, клокотат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)