врз (предл.) - плоча (имн.)

Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Диџејот се возвишува во твоите очи. Звуците ароматично ги микса, како да си игра со нив во твојата глава. Го обожуваш секој негов потег врз плочите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)