врз (предл.) - народ (имн.)

Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко го убедуваше Камилски во тоа дека арапскиот јазик и култура извршиле големо влијание не само врз народите од Африканскиот и Азискиот Континент туку и врз повеќе европски народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Три дена потоа, низ царството се рашири болест: Господ Бог пушти страшни пликови врз народот, и глувци се појавија, и земјата се тресеше три дни и три ноќи без прекин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)