врз (предл.) - ковчег (имн.)

Окната на прозорците беа чисти, со перденца, од вратата до огништето беше послана черга, врз ковчегот под прозорецот до огништето весело шарена памучна покривка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да ја ебам мама му да ја ебам на турскиот цар! МИХАЈЛО: И на големиот Везир! ЕВТО: И на сета царска Порта! (Се сопнуваат. Скоро паѓаат. Врз ковчегот на Султана. Се смируваат. Пауза. Се одвојуваат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)