во (предл.) - чијшто (сврз.)

Овде би ве упатил на она што се обидов да го изнесам во текстовите De l’esprit i L’autre cap... 4Дали сакате да зборувате за последиците од антропологијата? 4Антропологијата како научен проект сигурно не е некоја задоволителна причина, како ни било кое знаење по себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нештата за кои зборуваме ние (“деконструкции”, ако сакате) не допи­раат во длабочината на она што ќе биде и што ќе се препознае како “историја”, историја во чијшто склоп се снаоѓаме со помош на периоди, епохи или преврати, мутации, појави, ломови, резови, епистеми, парадигми, themati (да ги споменеме најразличните и најпознати историографски кодови).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Е, сега кој за каде е? — запраша самиот Ацев во чијшто реон се сметаа. — Костурци — во костурско, — се провикна Циле Кономладски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И вечерта се разделија. Сарафов со своите луѓе и стотина четници месни раководители што сакаа „да се одморат“ се збогува со тие што не сакаа „да се одморат" и предводен од Тошета и Игета од Беловодица, околу полноќ го пресече џадето Прилеп Градско меѓу селата Плетвар и Лениште и до зора ја фати Бабуна и Никодинска планина за да го продолжи својот пат преку Вардар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)