во (предл.) - југозападен (прид.)

Тој исто така беше најгласниот и најнавредливиот силеџија, најголемиот фалбаџија и најлошиот човек во југозападен Тексас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Богомилството за прв пат се појавува во југозападна Македонија во X век во времето кога на чело на Цариградската патријаршија се наоѓал Теофилакт (933-956).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се упатија во југозападен правец, низ мочуриштето, и поминаа покрај фармите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Секое движење на чета и секој судир по планините и селата во југозападна Македонија силно се одгласувал во центарот, во Битола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, на 21 септември 1944 година "Њујорк тајмс" ја пренел информацијата преземена од британски извори дека "силите на маршал Тито го зазеле градот Манастир (Битола) во југозападна Југославија, во близината на грчко-албанската граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кинг Џејмс, како што имав намера да кажам порано, беше злокобен човек со руса коса, тежок сто килограми, со лице изгорено од сонцето и розово како октомвриска јаготка, со два хоризонтални пресеци под рунтавите црвени веѓи наместо очи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)