во (предл.) - танок (прид.)

Затоа не треба ни да врне дожд, непрекинат, во танки нишки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најубаво се гледа во танки безбојни чаши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само визии, внатрешен насатн одвоен од простор, а овде, околу, се сеголо и пусто и неплодно, и нема, и немало, никогаш никакво дрво, ни мртво, и ако има и мртво е, тогаш е мртво како спомен зашто тоа дрво е онаа јаболкница, под која еднаш се криеја од дожд, под која таа 'ртеше во танка облека.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од неговото голо теме се цедеше вода во танки копчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ракијата му се цедеше во танок млаз низ брадата; не ја бришеше и се клештеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од аголот на левото око потекува солза и се разлева низ образот во танок сребрен конец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одеднаш, нешто толку убаво ѝ засветка на сонцето со сите бои на виножитото, што таа се затрча натаму , но нешто страшно се случи: се најде заплеткана во танка прекрасна мрежичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)