во (предл.) - ситен (прид.)

Палејќи цигара по цигара откако минаа повеќе од пет часа чекање, беше сигурен дека автобусот ќе пристигне дури по полноќ во ситните часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Држејќи се за раце во ситните ноќни часови, нога пред нога, оваа фасцинантно усогласена двојка се упати кон станот на Виктор, кој се наоѓаше во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Деница си ги стави образите во ситните дланки и лактите ги лизна по масата, доближувајќи му се до пред носот, вперена во неговите сини очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Стеснето, стуткано ги собираат споменатите стомаци не знаејќи каде со рацете, се распрашуваат на кој кат одат на гости, ги крадат огледалата или водат љубов во ситните саати.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А тој се јавува бавно во ситни зрна на дивачка што ја китат нејзината пресушена снага.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кожата му се тресеше, му поигруваше во ситни бранчиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше куса коса извиткана во ситни јазли, не мораше да ја чешла, ниту пак ја чешлаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едо имаше чувство дека телото му олеснува сведувајќи му се на пердув, чиниш сега беше оној момент кога пеперутките би можеле да го понесат својот кршкав лет, а потоа како истото тоа негово тело некаде длабоко одвнатре да му се дроби во ситен песок што се рони.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој го напипува чевелот под креветот и замавнува. Искршеното стакло звучно се распаѓа во ситни парчиња а човекот со мундир пак е таму и на тенките усни забележува жолчна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не верував дека и тој е само убав и светол балон што неочекувано без бол ќе прсне пред тебе во ситни неупотребливи парчиња на збрчкана гума.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тогаш се фаќав во ситна трговија со читателското внимание на мојот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Без збор слушавме како доаѓаат и како се губат водите; како во ноќта бргу се множеа ѕвездите и како во изутрината уште побргу се топеа претворајќи се во ситна, сива прав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кловнот долго се гледа. Едното око се полни со влага и го разбива огледалото во ситни кристали.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нивната интелектуална амбиција, онаа наводно силна глад по знаење и мудрост поради која човек, како што велат, се решава да студира филозофија, молкум се повлекува пред првата конкретна општествена пречка и веднаш наоѓа сатисфакција во ситната злоба и лицемерието на приватниот трач.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)