во (предл.) - северен (прид.)

Слично на кривоног, заокруглен, измазнет и севезден весел продавч на бои: во пролет зелени, во лето пепелави, во есен бакарноцрвени и во зима бели, ридот истрчува од шумата и продолжува да трча право прудолу и право спрема дното на Потковицата, сѐ додека не се израмни со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спуштајќи се прудолу по падините со себе ја исполнуваа Драмчејци, мала и осојничава заветрина, потоа искачувајќи се, по северните падини на Црн Камен, полека и скалесто, го досегнува сртот на источниот лак и продолжувајќи по него во северна насока во расчекор го фаќа Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
___ 21 Движењето на отпорот кое непосредно по капитулацијата на Кралската југословенска војска го организирал полковникот Дража Михајловиќ во почетокот се состоело од мала група офицери, подофицери и војници на кралската југословенска војска, исклучиво Срби, кои одбиле да се предадат на Германците во средината на април во реонот на Добој во северна Босна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој начин на пишување откриен е и во многу други делови на светот, и во разни јазици: етрурскиот, хетитскиот, во раниот рунски алфабет во северна Европа, но такви натписи има и во многу поодалечени земји, во Индија и Централна Америка, на пример.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За експресионизмот кој настануваше во северна и средна Германија и чиешто седиште наскоро требаше да се пресели во Берлин, беше симптоматично и следново: уметниците спонтано и од внатрешни побуди се свртеа кон оние делови на цивилизацијата коишто беа во сенка и коишто граѓаните ги презираа: патувачки актери и пејачи, работници, декласирани, несреќници, душевно болни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тоа време стотици бомби беа фрлени врз индустриските центри, главно во европска Русија, во Западна Европа и во Северна Америка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше аранжирано, како што беше и објавено, во рамките на воените маневри, кои овие дни беа организирани во северните предели на нашиот јужен сосед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пример: годишниот промет од наркотици во северна Америка изнесува некаде околу 500 милијарди долари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој свет, во којшто стапнале виртуалните патници, е најмал? Fred Brook и Henry Fuchs од Универзитетот во Северна Каролина проектирале систем, во којшто хемичарите можат да бираат молекули, во коишто се атомите големи колку тупаница.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа се случило на 18 август 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По завршувањето на брифирањето, Менсфилд заминал за Дерна во Северна Африка, која била одредена како место за тргнување и за инфилтрирање во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А боливудските мјузикли можеби ја имаат истата настрана привлечност на Индискиот Потконтинент или кај народите од индиската дијаспора или другаде на планетава, која бродвејскиот мјузикл ја има во Северна Америка.19
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа беше во северната соба, во мразарницата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој час во северната соба одекна силен аплауз - ура, ура, ура!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тој беше отсутен, се наоѓаше во северната југословенска република, од каде што потекнуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вистина е само она што е запишано на вратата на крајот од ходникот. А ходникот завршува во северното крило на приземјето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)