во (предл.) - римски (прид.)

Еве на пример, во регионот од којшто потекнувам хомосексуалците имаат права отприлика колку и христијаните во римските арени: во Загреб геј-парадите се одржуваат под полициска придружба, во Белград геј-парадата заврши со јавен линч на учесниците, додека пак во Скопје и Приштина не помислуваат да прават ни матине, а камоли парада.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој укажува и на славната галерија на столбови во римската Palazzo Spada, и тврди дека со пишувањето треба да се создаваат "перспективистички продори". Palazza Spada Ново гледање Тесауро живее на самиот крај на маниристичката фаза, меѓу ренесансата и високиот барок.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ова, пак, неминовно, во праксата, доведуваше и доведува до латентни незадоволства, но и отворени судири кои, во Рим, беа санкционирани преку институтот Аrbitrium boni viri – „предлозите на чесните луѓе“. 9 Па оттука, со полно право, претходникот на денешните спорови произлезени од работните односи – како посебен вид судска, граѓанска и парнична постапка, го наоѓаме во римските тужби од групата Аctiones bonae fidei наречени: Actio locati – кога тужител е работникот, а тужен работодавачот; и спротивната Actio conducti – кога тужител е работодавачот, а тужен е работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во времето на Диоклецијан била спроведена нова административна поделба во Римската Империја.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште Плутарх во своето славно дело Паралелни животи за првпат изнесуваше дека Катон, обземен од несопирлива омраза прогласуваше дека Картагина треба да биде урната макар што гласањето во римскиот Сенат го покажуваше спротивното.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Cartago delenda est! (Да се урне Картагина! ), грмеше во римскиот сенат Катон Стариот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не се случи тоа ниту во римско, ниту во византиско, ниту во долговечното отоманско време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бернини во својот Занес на св.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тереза во римската Maria della Vittoria овој момент го прикажува повеќе како сексуално отколку еротско-мистичко возбудување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)