во (предл.) - растопен (прид.)

Имала пчелин восок и земала чисти крпчиња, ги мацала во растопениот восок и почнала да ѝ ги става на целата глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секојпат кога ќе купеше сладолед, смоки или чипс истото ми го правеше: Сакаш? Нејќеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони ме погледна пред да ги зарие забите во растопениот еурокрем размачкан врз лебот и како и секогаш, ми рече: - Сакаш? Нејќеш, - и почна мирно да си јаде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)