во (предл.) - развиен (прид.)

На Татко посебен впечаток му направи тврдењето на Камилски во тезата дека детето е реплика за инстинктите и сетилата формирани во долги периоди од развојот на човештвото, при што ја развиваше тезата за еволуцијата на индивидуализмот во развиените општества.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа во развиениот динамички период 4век п.н.е како стеснет облик на Обединетото Царство на Горна и Долна Македонија, создале Историска Империја на три континенти со теорија голема 3.8 милиони квадратни километри.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Има една добра изрека, за која тие богаташи, сигурно не ни слушнале а камо ли пак да ја знаат: Во неразвиена земја ако си богат, тогаш си арамија- во развиена земја ако си сиромав тогаш си мрзлив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа исто така значи и дека македонскиот љубител на уметност нема блага врска со она што е уметнички меинстрим во развиените и богати држави на западна Европа, северна Америка и Јапонија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во развиените земји тоа е една од најважните дневни информации.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега, откако активизмот за ХИВ/сидата, иако не и самата ХИВ/сида, некое време се потповлекува од првите редови на машкиот геј-живот, барем кај Белците во развиениот свет, сега кога политичките потреби на активизмот за ХИВ/сидата се менуваат, сега кога жалоста и гневот почнуваат да го губат монополот врз бесот на настраните афекти што може да се изразат отворено и сега кога квир-културата одново изнаоѓа континуитети помеѓу современото лезбејско и геј-постоење и претходните, претстоунволски облици на сексуално отпадништво, изгледа дека е сѐ повозможно да се испитуваат аспектите или димензиите на внатрешниот живот на хомосексуалноста кои не толку одамна изгледаа политички сомнителни, да не речам невкусни – и кои, во секој случај, не смееше да се истражуваат подробно.107 4 ПЛАКАРОТ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА Современата геј-култура почна да ја користи новопронајдената можност да го истражува внатрешниот живот на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но се чини дека денес во светот генератори на новите жртви не се религијата и идеологиите, туку несогледливата и незапирлива консуматорска експанзија во развиените земји, како и национализмот, во напорите да се истрае во задоцнетото создавање на државата-нација, како што впрочем се случува на Балканот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)