во (предл.) - присутен (прид.)

Без такво едно сојузништво и кампања против некој голем философски монструм, кампањата против маскулинизмот им изгледа осудена на некој облик на соучество во присутните практики.(9) Мене ми се чини дека ова гледиште сосем погрешно ги зема релативните величини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рада со извонредно изострен и пребирачки поглед за миг ги фокусираше лицата во присутната публика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)