во (предл.) - празен (прид.)

Како да сум паднал во празен простор, во кој нема ни време, ни настани што го обележуваат тоа време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта.  З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нина знаеше дека, онака крупен и тежок, газејќи колку што може потивко, тој оди до одајата на браќа ѝ, и дека гледа во празните кревети сакајќи да се увери дека момчињата што изутрина ги испрати на пат, навистина не се во своите постели како секоја вечер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
XI Гладот, што како стрвина се нафрли врз селото, постојано и сѐ повеќе се вовлекуваше во празните амбари и ношви и ненаситно лиже, гризе и сотира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зелени искри му летаат во коренот на очите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одненадеж Магвампот го бутка момчето напред, во празниот простор, и го ослободува од својот кур.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Боге и Кате се клацкаа на предните седишта со талогот кафе во празните стомаци, а нивните торби на задните седишта се трускаа нагнетени и стегнати до грло.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Генералот гледаше во недефинираната капа што го заменуваше горниот дел од главата, Маре во празните прегради на черепот, а Боге и Кате во машкиот лик со енергични црти и заплашувачки мустаќи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу творечки идеи, зачнати на кафеанска маса (не во брачна постела), си нашле утеха во празните чаши.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Изнуденото повлекување нѐ неутрализира и пренасочува во празен простор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа максима на нашиот соговорник му се чинеше премногу патетична: „Од искрената самоизолација не треба да се прави никаква доблест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дедо ми погледна во празниот кафез и рече: - И право е.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таму совладав еден крокодил и на Карамба-Барамба му нацртав сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Отец Лаврентиј трча со солзи во очите и се смее, скока од радост, ја тегне камбаната и ѕвони пред утрински дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И во следниот момент, вистинска поплава од познати букви го затрупува видикот: манастирот е поплавен од убави слова, што еве, влегуваат во празните книги и се враќаат на свои места, како што си стоеле запишани од раката на последниот македонски ректор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И словата на блажен отец Лаврентиј се тука; ги исполнуваат празните страници на новите книги онака како што си биле сочинети, како ништо да не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неколку дена потоа се породи Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа пролет и тоа лето седев сама на балконот, и повеќе не гледав кон улицата, туку во празниот стол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седев на мојот кревет, гледав во празниот кревет на Отла, ги префрлував од една во друга рака работите што таа ми ги имаше оставено: неколку рала гаќи, еден фустан, една сукња, две кошули, чорапи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
8. Романтичноста изумира во празниот желудник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потем и двајцата ги насадија во празни кутии од конзерви, ги навадија и внимателно ги подредија.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе се удавиш во бранот на црвените води Што плискаат во празните ѕидови на срцето Остави го мечот , мртвите не се убиваат…
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Те барав во мугрите на утрото во зракот на зајдисонцето во празните ходници на животот во цутот на црвениот јоргован...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Немир,тој авет зол, злобно поттропнува по портата на моето сновидение за да се вгнезди, во празните одаи на срцето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Чуварите ги палат купиштата на ланското лисје, чадот се чувствува во празните алеи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнуваат да зазеленуваат крошните на кестените, се облекуваат липите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потскокнуваше при секое негово пукање, а на крајот, кога тој удри во празната цевка и кога остана преклонет, со пушката, исто како и со празни раце, мечката пак мирно се сврте кон топлото месо на јарчето, го собра со своите шепи од снегот, и замина напреку, оддалечувајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- За да пиеш велат, треба нешто да те натера, вол не се врзува во празна плевна, велат, и вино не се врзува на празно шкембе, викаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во празните усти и зборовите се празни, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може од утре да не бидеме заедно, вели, којзнае кој куршум не мисли отаде ридовине, вели. Ја кревам главата и гледам отаде ридовите. Во празното небо, оголено и изгребано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Четворицата влагаат во празна воденица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Решив да чекам, а да чекаш во празна соба само со една маса и два стола е страшно здодевно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Грмотевицата се разнесе низ ноќта, се одби од долот и се изгуби во празно, пискотливо ехо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откако ќе нацрташе еден таков предмет – како што реков, тоа се случи само еднаш додека бев кај него – со кола заминуваше на творечки одмор што траеше повеќе од осум дни, додека црташе само четврт час.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Твоите текстови се многу тажни: како да зборуваат за некој кој се затекнал во празна куќа и сега полека и по малку отсутно ја полни со предмети, напиша нешто подоцна Хенк. Henk Figee е писател, уредник на моите холандски книги и пријател.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фаќајќи се за тенката амстердамска обврска како за сламка, во празниот простор ги впишав своите внатрешни координати: Загреб - Амстердам - Middletown.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Новоизбраниот претседател изведуваше необична пантомима: во празната детска касичка стави пари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш сѐ уште не насетував дека сликата на некој кој се затекнал во празна куќа ќе прерасне во постојано чувство на бездомност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И Пишпирик стана оперски баритон: Стоката многубројна пред мене истреси ја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се свртев кон него. И кога ќе искупуваш сѐ што е во празнава кола, што се случува потоа?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
9. НА ВОДЕНИЦА БЕЗ КАМЕН НЕ МЕЛИШ ЖИТО - за тоа сал de jure го допираш лактот, а можело и без камен и на јаз плиток, па и во празна воденица de facto...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги затворија врзаните во Катил-хане, а сејмените ја поминаа таа ноќ во празните кулуши.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На мојата молба Абе бај Наси да дом на во празното место додека не се симнат моите уд горе? тој гласно и задоволно се раскикоти што беше доволен одговор, а тоа што кажа пак Не му се праи ќефот на то Нанчо абагу да те пули там, му и мрсиш конците! беше и потврда и уште истиот ден си ја зедов торбата и книгите и се преселив кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во празната куќа на голите ѕидови им прилега само нож.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Гледајте: Гимназиите в небо Крагуевац в реки Срби - само во празните школи по дневниците.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Играв за нив со здрвена, накуца нога додека тие гледаа во празниот трапез над мене; се проѕеваа, заспиваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лага или химна на сонуваниот ветар што свири во празна уста со недоречена песна. Песна, рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Свири“, рече и го изгасна остатокот на цигарата во празната чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под мрак седеше во празна крчма, со празни луѓе, со празни разговори- матни и неврзани, пролокани до 'рбетот од пламенот на отровот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе се апстрахира реалниот и конкретен свет, кога ќе се издели тој во празни шеми на логичките категории, и кога овие ќе се пуштаат во еден особен, од Хегел воспоставен логички ред, тогаш навистина развитокот на светот изгледа како развиток на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Се обѕирна околу себе, па иако тоа се чинеше смешно, нему му се пристори дека во празната просторија заедно со него беше влегла и зимата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зашто тој всушност беше сам во оваа соба, во оваа празна ненаселена куќа, во празниот ненаселен град, на празната ненаселена планета, каде што немаше ни жива душа, само тој беше тука.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Спокојно седеше. Старец од осумдесет години. Седеше во празната соба, во празната куќа, во празната улица, во празниот град, на една напуштена планета.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И сега стануваш ЈАС и пак си сам во празниот град.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа беа денови кога верував дека темите што мене ме измачуваат се мисли и желби на секој кого ќе го погледнев иако ми се чинеше дека никој не ги сфаќа сериозно моите досетки што се раѓаа во празните моменти на исчекувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Невидливиот пат е копнежот залутан во празната исполнетост на темнината.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А животот е постоење за некого, некого кого ќе го створиме, извајаме, ќе му дадеме живот, парче душа и топла и сигурна рака која ќе го води низ тунелите на истиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа е како влегување во празен живот,настани, слики, моменти без значење, песна без ноти.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во црвено вино и носталгичните стари песни, барам утеха и во празните зборови кои никогаш нема да му дадат смисла на моето реално постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако барате да ви судам, ќе ве осудам, ако барате да ви простам ќе ве казнам, ако барате да ми верувате ќе ве лажам и прогонувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ноќ и сенки кои тишината во празниот простор ја исполнуваат со воздишки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пред мене стоеја три дами со натапирани бели коси, подготвени да заѕвонат на ѕвончето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полека ги требев буквите една по една за да напишам стих во празниот простор што треба да личи на лист.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знам дека по некое време ќе почне да ми ги гори и ќе морам да ги тргнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Братучед ми живее во Тулуз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка Олга се направи дека не го сторила тоа, го исекна носот во салфетката, а потоа ја фрли во празната чинија пред неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Токму тогаш ненадејно умре неговиот сосед и во празниот стан се всели една млитава Французинка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
(Ако удриш во празна каца, звукот далеку одекнува, а ако удриш во полна каца, таа не одекнува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)