во (предл.) - православен (прид.)

Се случувало во времето на овој долгорочен процес меѓу Албанците во едно исто семејство еден дел да ја сочува католичката вера, другиот да мине во православна, а подоцна трет во исламска религија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дикинсон како да му е близок на византискиот уметник кој­што не го видел ликот на Исус, но сепак го сликал според до­стапните упатства.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во случај да не знаете за овој текст, еве ги првите редови: Јас бев крстена и воспитувана во православната христијанска вера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од друга стра­на, тој не го сликал, туку го создавал: репрезентацијата на Христ е сведоштво дека Христ постои, а оттаму и централната литургиска улога на иконата во православното христијанство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)