во (предл.) - пасивен (прид.)

Ова значително влијание кое државата го стекнува над приватната сфера придонесува за бришење на линијата помеѓу државата и граѓанското општество, помеѓу јавната и приватната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И корпорациите исто така навлегуваат во јавната сфера, што сето заедно доведува до трансформирање на поединците од граѓани и рационални полемичари на политичките/општествениоте/културните настани во пасивни набљудувачи на политичкиот и медиумскиот спектакл, од културни производители во културни потрошувачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Купувајќи си место во јавните простори, комерцијални интереси се закануваат да го сведат производството на значење во јавната арена на едностран проток на информации, трансформирајќи ги граѓаните во пасивни примачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)