во (предл.) - нем (прид.)

Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ја завлече раката по кошула, од левата страна, вртејќи со очите како во нем филм, оттаму извлече лак и стрела и ми намигна.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
(Султана одеднаш го искривува лицето во нем грч. Ја фаќа главата со раце. Никој не ја гледа, но сите знаат што се случува. Султана минува низ нема агонија. Пауза. Лицето се враќа во нормална физиономија. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ се претвори во нема тврдина. Во глувотија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Две крави и стап во нем разговор со тревите околу нив се движи сивото око на денот умореното око на сонцето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Само еден стар сосед, кога ќе го здогледаше преку оградата во дворот, ќе му мавнеше со рака во нем знак на поздрав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)