во (предл.) - небесен (прид.)

На тоа дедо поп ја отвори вратата и ги прими покајаните „деца божи во небесното царство“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе заспијам во небесни поли Под ноктите на орелот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Облак го прекина нејзниот танц во небесната шир.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Ангелот нејзин, потоа си се враќал кај Господа, во небесните широчини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се плашела да се наведне над бедемите да не би да се види во езерското синило, во небесното огледало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Инаку, од каде се оние животни што живеат во небесниот рај... Морале да дојдат од земјата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во небесно сина хала со голема маса и некој апарат поставен како тунел низ кој треба да поминеш со гол задник, пред очите на дваесет студенти со запалени погледи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете планини се перчат и потајум си се прашуваат во себе која прва ќе се престори во небесен конец за да се оптегне од Сонцето до Месечината. Зошто да не!?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)