во (предл.) - меѓусебен (прид.)

И домашните мажи, за да не го гледаат тоа, то ест за да не ги гледаат жените така засукани, намерно излегуваа на полето, или го поминуваа денот, во меѓусебни разговори, на сретселото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Камилски, којшто во меѓусебниот договор беше задолжен да реферира за поимот курбан, откако го слушаше Татко како започна авторитетно да говори, веднаш се увери дека и за овој збор, како и за јаничарството, долго помеѓу нив ќе се кршат копја додека да се дојде до заеднички став.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие книги ги разменуваа и по читањето ги коментираа во меѓусебните средби пред да ја започнат мисијата на утврдувањето на опасните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Католиците и православните христијани често запаѓале во меѓусебни несогласувања по разни прашања, а понекогаш си противречеле дури и самите себеси.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако физички не се поврзани, тие столбови се во меѓусебна корелација, како по хоризонтална линија, меѓу сите луѓе, така и по вертикална линија: преку сопствениот или националниот ген.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и ако посветата на цртежот укажува на можноста Марија Мартинс да послужила како прв модел за “Etant donn�s...” што можеме да сфатиме од таа информација?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со оглед на начинот на кој “Големото стакло” и “Etant donn�s...” биле реализирани за да бидат во меѓусебна концептуална врска - ова последново е визуелна манифестација на елементи што само апстрактно били дадени во претходното - може да се рече дека ваквото согледување е од пресудна важност за нашето разбирање на двете дела. 114 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така, тој не зема во предвид дека конструктите се, изразени со нивните интензионални димензии, во меѓусебен дисконтинуитет, и поради тоа, „сведувањето” на еден конструкт под друг е логично, како и практично, невозможно. Husain (1983, стр. 20) концизно вака го резимира проблемот: Природните биполарности, од кои секоја ги претставува екстремите на диференцијација за кои е способна квалитативната генеричка природа, не се во хиерархиски систем... бидејќи ниедна од нив нема поголема или помала опфатеност од другата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, гледано од негов агол, одбраните предмети не беа во меѓусебен однос, “кој не би бил индиференција”, поставувајќи се над секое уживање во “прикладна форма” или во точното презентирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нивното интересирање е фокусирано на тоа како “менталните појави” и “физичките појави” постојат во меѓусебен однос, а истовремено им припаѓаат на две различни јазички области.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Знаеше дека веќе со ниедно движење не ќе може да придонесе во меѓусебното приближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ја знаете таа потреба на телата во меѓусебен допир да ги надвладеат недоразбирањата произлезени од зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден вид празнење на негативна енергија. (Доктор Пачев читајќи ги овие редови со насмевка забележа Сè е хемија и во неговиот поглед открив потврда и разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Музика во која беа содржани сите комбинации на пронајдените и непронајдените ноти, што истовремено се сведуваше на трите елементарни гласа вплетени во меѓусебна звучна игра.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уште помалку се мешаше во меѓусебните машки простаклаци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но тоа е само сличност, бидејќи типично борхесовскиот расказ не цела толку - како во конвенционалната проза - да фати “цртичка од животот”, колку да предложи нешто од аргументум тхеологицум или пхилосопхус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа се раскази, заплети во чијшто след на настани и во меѓусебните односи на ликовите е пренесено нешто налик на животот што ни е познат од секојдневието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)