во (предл.) - материјален (прид.)

41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
118. Според Правилата на Дружината „Вардар” од 15.3.1894 год., целта на Дружината била: а) да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народностен и историски поглед; б) членовите на Дружината заемно да се помагаат, како во воспитен и морален, исто така и во материјален поглед; в) да работи врз сестраната подготовка на своите членови за да можат што подобро да му послужат на својот народ во државата на Неговото Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Второ, во материјална смисла не постои повеќе ништо за што би се војувало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би било претерано да се тврди дека низ целата историја немало никаков напредок во материјална смисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во виртуелната реалност всушност допирот е сетило-теоретичар, бидејќи непосредно во материјалниот однос не допира ништо, функционира само преку дистанца, која му овозможува информатичен, податочен контакт преку посебни интерфејси.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еве како Шатев го објаснува тој вистински интересен гест на Орце: Не само Орце Попјорданов, туку повеќето од гемиџиите се чувствувале морално задолжени кон Борис Сарафов, поради олеснувањата што ни ги правеше во материјален поглед уште од почетокот и поради големата доверба што ја уживаа кај него некои од нас, а особено Орце Попјорданов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вишну е материјалната манифестација на Кришна. Dharma или дарба е природно занимање кое нѐ доближува до Кришна или Христос и преку неа ја исполнуваме нашата мисија во материјалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но да ги прашале во тоа време што правеле, зошто се решавале за тие решенија и кој ефект сакале да го постигнат, сигурно ќе одговореле нешто, макар и на јазикот на стилот во кој работеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За жал, веќе не ни е достапно тоа што го знаеле.384 А нејасно е и колку самите тие имале пристап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби едноставно биле нурнати во материјалниот речник на стилот што го обработувале толку умешно и зналски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проектот за обид да се конкретизира значењето на стилот не е нов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Брат ми се насмевна. „Иако тоа не е точна констатација, убаво звучи: Убавината е единствената утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во материјалниот свет сѐ е една голема неправда, а бидејќи не знаеме дали по ова постоење ќе постоиме во некоја друга реалност, во некое утешно постоење, единствената утеха на овој свет е убавината.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За дваесет години ќе минуваме седум часови дневно активно навигирајќи, истражувајќи, колонизирајќи, експлоатирајќи ги дигиталните океани и континенти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До 2008 г. повеќето луѓе што живеат во постиндустрискиот хабитус ќе поминуваат „прикопчани“ на инфо-световите од другата страна на екраните, исто толку време колку што поминуваат во материјалните светови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)