во (предл.) - мариовски (прид.)

Или, пак, бегајќи по сртот на јужниот и западниот лак и спуштаќи се низ нивните падини, преку блатата и мртвиците и преку Црна стигнуваа во Железнец, или пак, во крушовските планини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бегајќи по источниот лак и спуштајќи се низ неговите надворешни падини, низ полето, по доловите и суводолиците, стигнуваа во мариовските планини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња заплетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, вооружени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)