во (предл.) - комплексен (прид.)

Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тоа како да си наоѓаше оправдување што го напушти проектот чија смисла на постоење се разгоруваше при секој толкуван збор со Камилски со потекло од времето на Османската Империја, и сега посебно од зборот касмет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа дојде нова војна - војната во СФРЈ, А Лабрис упорно се размножуваше за конечно да се претвори во комплексен визуелно-литерарен постмодернистички лавиринт без крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Индустриската револуција е највисоката точка на способноста на човештвото да ја преработи материјата во комплексни, индустриски произведени конечни производи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Овие истражувања покажуваат“, тврди Кауфман, „дека системите во комплексниот режим можат да спроведат и да координираат и најсложено поведение, најлесно да се прилагодуваат и да градат најполезни модели на нивните околини.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дом се користи во многу комјутерски системи како “сидро” за ориентација во комплексни околини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)