во (предл.) - елитен (прид.)

Економското училиште резервацијата ја беше капарисало за 25, и тоа во елитниот хотел Куба, што заради статус и престиж беше многу важно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој го заврши факултетот во Скотје за разлика од црвените буржујчиња кои учеа во елитните факсови во Будимпешта и Солун.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Агенцијата имаше простории во зградата на Регионалниот центар на Светската организација за миграции, во елитниот дел на Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И јас како нов југословенски амбасадор морав да поминам еден цел месец во елитна воена касарна, во Бањица, близу Белград.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тинејџерска Ме заболе за родното село на поетот, за неговото сиромашно детство, за седумте браќа и сестри, за школото на десет км. од дома, за првата писмена по литература, за овците, полињата, шумата, гората, за првата љубов во градот со гимназија, за наградената песна набргу објавена, за студентските денови во големиот град, за Есенин, за опивањето, за истакнувањето, за првите дваесет генијални стихозбирки, за наградите, спомениците, венците, за цветната палата во елитниот кварт, за неговата отсутна сеприсутност (дури и по неговата задоцнета, гласна смрт).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)