во (предл.) - вечерен (прид.)

Колку што се ближеше пролетта, калемењето на крувчето земаше сѐ поважно место во вечерните разговори меѓу Пискулиева и дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Игралиштата за баскет зјаеја празни, а во вечерните часови кучињата скитници беа главните актери на темните маалски улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во вечерните асови во квартот околу „Иштван Матијаш“, во непосредна близина на црквата, се збираат многу луѓе, гости и туристи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брачната двојка имала незгода со својот „Ситроен“ и тоа им се случило во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сето ова можеш да го разликуваш во вечерните часови, во „Белжик жоаез“ тоа тешко ќе го сториш во часовите, кога мугрите ноќта од денот ја одделуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ отворениот прозор Славчо гледаше во вечерното небо, во трепетливите ѕвезди што една по една се палеа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Истовремено, колку што надевањето пушташе корења во него, толку се чувствуваше и повремено полеан од некој очај, особено откако Марко му кажа дека таа е студент по менаџмент на Универзитетот во Торонто и дека како шанкерка работи само во вечерните смени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Разговараше со премиерот Н. Груевски. 27 ноември 2009 – во с. Винени, делот на Македонија во рамките на Грција на маргинитена средбата на премиерите на Албанија Сали Бериша, на Грција Јоргос Папандреу и на Македонија Никола Груевски и двете страни останаа на своите позиции во однос на името, но се договорија преговорите за името да продолжат под покровителство на ОН, а двете страни да продолжат со меѓусебните контакти.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Започнал процес на широка образовна, културна и научна дејност на македонските иселеници. 26 ноември 2009 – во вечерните часови, во Скопје пристигна шефот на шведската дипломатија и претседавач на ЕУ, Карл Билт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)