во (предл.) - беспризорен (прид.)

Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)