во (предл.) - бабин (прид.)

- Сум се нажалила, бабо мила, дека судено ми било да не си го доиграм првото моминско оро на Велигден... и тате си замина... ама и момчето од Јошевци - што сум го сонила - нели ти кажував, бабо мила, си замина, оф си замина - офна Ѕвезда и сета се згуши во бабиниот скут.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе му пеам песни навечер: Циц, циц козици Што пострале петлици Во бабини дворои Баба ќе и соберит, И ќе си и нанижит Та ќе си и продаит На пазар на терзии Многу пари ќе земит До три аспри црвени.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ех, во бабините кажувања волчицата ги бранела волчињата - чедата свои - од човекот - ѕвер, ловџијата кој тргнал да ги убие.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)