во (предл.) - шега (имн.)

И речи изусти Татко во шега дека ѕидовите немаат уши!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Впрочем, внимателно, има и други јадења...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бакшишот се ширел на Балканот како барутот рече во шега Татко, а Камилски слатко се насмеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние сме на почетокот на ручекот, ќе видиме на крајот, рече Мајка пред да замине со госпоѓата Камилска да го донесат новото јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа бил европски покер, а нашиот си е балкански? прифати во шега Афз Б.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин османските султани, кога стапувале на престолот, но и во други пригоди, им давале добар бакшиш на воените лица (јаничарите, спахиите...), улемите и на видни чиновници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние бездруго нема да ја доживееме судбината на скржавиот имам? рече во шега Камилски откако мацна во чинијата со скршеното парченца од погачата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и овде надежните денунцијанти, кои нишанеа сега на мојата директорска позиција, не ме оставија на мира, сѐ додека не ме сменија поради нивните незаситни амбиции и не ме сместија со моите книги во едно одајче на влезот во Институтот, кое како да беше прикачено за градбата и висеше во просторот, наречено во шега од еден мој сакан пријател писател вавилонското одајче на Климент Камилски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да внимаваме и ние да не се прејадеме? рече во шега Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Твојата библиотека во минијатура ме потсетува на големата француска Национална библиотека на улицата Ришелје во Париз, каде што во почетниот дел се чуваат големите речници! коментира во шега Климент Камилски откако ги разгледа внимателно сите книги на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му велам во шега, но како што е впрочем запишано и во романот: Козичките ги подзел облакот на Шагал!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова ѝ го дофрлив еднаш и нејзе ( се шегував, но на Катерина изгледа ѝ се пристори дека во шегата е содржана намерата да ја вратам во светот на онаа одамна исчезната цивилизација, па затоа и уследи оној жесток касај овде, под брадава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Светот од твојата неконтролирана фантазија сигурно би бил свет на неразумноста, ми врати во натамошното надмудрување Катерина но таков свет за среќа не постои.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сеќавам на првите средби со него на вечната тркалезна маса со новите амбасадори во федералното министерство за надворешни работи, каде најчесто настапуваше со геостратегиски надворешно-политички анализи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во шега забележав: Не сте го промениле пијалокот - виски и млеко! Како и во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Египетскиот раиз му вели во шега: Ти сакаш да ме убиеш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За секој случај донесе и виски за мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да влезе во неговиот кабинет бараат од него да го остави својот револвер кобра.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чанга скришум, преку своите верни козари, им испраќаше на функционерите млеко, сирење, така што речи­си сите ги имаше „в рака”, како што самиот му рече еднаш во шега на татка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Стигнавте ли јунаци? Подготвени ли сте за патување со стариот чун? - започна во шега побратимот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш во Виена Д. ми напакости и му кажав, во шега, дека ќе му го помнам тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во шега ни велеше дека овие училишта, а подоцна и факултети, за разлика од другите, мислејќи на јазичните смерови во гимназиите, на филолошките и на историско-философските факултети, го заобиколуваат затворот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)