во (предл.) - шал (имн.)

Татко ѝ сакаше таа да се запише во медицинско училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Баба Мара седеше покрај ќумбето завиткана во шал и ги гледаше: „Мајката и најмладото дете да останат тука со мене, а останатите да излезат.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нејзиното бебе е завиткано во шал, истиот шал што таа еднаш го имаше постелено врз каучот во дневната соба на нејзиниот стан во Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таму беше отидена да изучува модерен балет, тап, и балет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)