во (предл.) - чука (имн.)

Претстражата од Сугаревата чета мораше да се јави прва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— На нас тргаат агите, Пере, на нас. Ми се чини тука е главната сила на Бахтијар, — му велеше Ѓорче на Перета, кој ја стискаше манлихерата цврсто и право „на месо“ стрелаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар“, и сите под команда почнаа да стрелаат во чуката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим бре, ќерата, оти сите ќе изгинете, — викаше секој Турчин и пукаше во чуката зад која се криеја четниците со Ѓорчета, Перета и Митре Влавот на чело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)