во (предл.) - чаша (имн.)

Бети: Лани бев многу лоша, г-дине Тики. (Им сипува шампањ во чашите) Тики (Става цигара в уста): И?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети, биди љубезна и раскажи ни!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Кога заминувате за Вашингтон?” - ме прашува Елен искрено заинтересирана за моето штотуку најавено патување.  „За два дена”, ѝ одговарам.  Седиме во дворот на амбасадорската резиденција под Водно и пиеме пијалаци со многу мраз во чашите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка им носеше сѐ уште топло дулсе ди мансана, благо од јаболка што мирисаше уште од далеку, а татко им се смееше и си тураше вино во чашата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во чашите тоа беше матно на слабата светлина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кери Грант се качува по скалите и не требаше да се гледа во него туку во чашата.” •Па, тоа е навистина добро...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, највеќе ми пречеше Ото Кругер во улога на негативен јунак.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филмот беше преоптоварен со идеи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Проектор насочен кон чашата? •Хичкок: „Не, беше во млекото, во чашата, бидејќи тоа требаше да биде многу светло.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мојата замисла беше: во тоа време фашистите беа жители на Средниот запад, припадници на организацијата „Америка пред сѐ”, и затоа сакав Хари Кери да ја игра улогата на негативен јунак: богат ранчер, вестерн стил.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, дали ви се допаѓаше сцената со чашата млеко? Во чашата имаше ставено светилка.” 140 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од чаша во чаша не е баш како од уста на уста ама понекогаш може да ги обнови старите воздишки и да предизвика нови вртоглавици.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сега да го видам мајчиниот што потсмешливо макар ќе зуцне дека бурите во чашите биле плод на фантазијата на напиените поети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По подот, масите, голите рамена, главите, во чашите - игрив шарен превез. Конфети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бесконтролно, механички, безволно наливаше вино во чашите и пиеше. Пиеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пак од спротивната страна - полковникот на џандармеријата, Мициќ, постојано му тура вино во чашата и му наздравува, како на најблизок...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Интересно, - рече и си дотури во чашата, па ни ги наполни и нам, ама Преда го предупреди: - Тебе само една, оти си машко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Азис ја преточуваше бозата од кантите за млеко во лимените буренца од кои со чепурче ја точеше во чаши и кригли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вода им даваше во чаши од тенко стакло, целите однадвор изнашарени со зелени лисје и црвени цветови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога подобро се загледа во чашите во барот, имаше впечаток како некој намерно да кршел чаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но сепак, прв мислата за религијата како опиум ја сугерира Хајне кога запишал: „Благословена да биде религијата што во чаша пе­лин на страдното човештво му налеала и неколку наркотични капки опиум за душата, неколку капки љубов, надеж и вера”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега сушата му ја исцица течноста од телото и тој венеше од жедта и таму веќе немаше течност, освен во чашата сок од портокали и во филџанот кафе што беа на послужавникот и беа бајати и смрдеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А кога чашата некој ја украл, поколенијата Соломонови решиле да го остават за вечни векови барем записот од чашата, како опомена до оние што доаѓаат, како закон според кој мудроста слабее и гасне, од премногу страсти во чашата на животот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Молк. Дотури шеќер во чашата и откако го измеша, со лажичката почна да удира по десната нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе заинтригиран, го набљудувам пријателот Хорацио како си налева во чаша.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имено, во денот кога ги сумиравме резултатите од творечката актива во изминатата година и кога поради тоа што годината ја прогласивме за успешна - славевме, ми пријде еден актер на драма, очевидно вознемирен. (За таквите луѓе Жан Пол Сартр во романот „Тегобност“ има напишано: „Имаше некоја особена злоба која паѓаше в очи и која не можеше да ја сокрие колку и да се трудеше“.) Гледаше во чашата со вино што ја држеше во раката додека ми се обраќаше: - Како уметнички директор можеше многу да направиш за мене, ама не направи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Венеција тоне, Холандија се лизга, глечерите се топат. чешмата капе. во лакримариумот на седумнаесетгодишната принцеза има солзи стари 23 века. во твојот тие се од пред два дена. El mundo es un panuelo - светот е марамче. влажна и мрсулава Палома. како жеден Бушман бараш вода во секое дупче, под мишки, меѓу нозе, длабоко во нечие грло. ги тераш да те гушкаат, лижат и влажно да те бакнуваат. ритмичните движења го лулаат твојот чамец. откако ќе свршиш лебдиш, бура во чаша вода. спиралите ти се омилена форма, имаш вода во колено и две-три капки во очи. наспроти популарното убедување, крвта сепак е девеесет посто вода. замислуваш самоубиство, во Охридско езеро, како Вулф или Мартин Идн. гледаш додека нуркаш. постоиш дур пливаш, преташ под површината како патка. фрлаш паричка во фонтана наместо жртва, и замислуваш желба. да уживаш онака како што си уживал во плодовата вода. не пепел од пепел и прав од прав. од вода, и во вода. 19 јануари 2009, Водици
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ѓаволче црвено во јама црна, тврдоглав мекотелец и делфин во чаша дождовница.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Колку за момчето, честити царе, од голема работа - му рекла лиса - од осито ет, лично, та идит да го испиеш во чаша, а пак негоа богаштина ја немат на веков!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, и вињакот во чашата на која и се гледаше дното како да ѝ даваше дополнителна храброст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Човекот зафати да сипува од тенекијата во чашите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Подавав вода во чаша за пострашни лекови, за лекови кои некој не сакаше да ги пие, ама тој крст го носев само јас и го криев од другите. Од сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, гледам: влечки, ’ко во турска серија свртени кон мене, стапалки од шарена хартија, кои ми го покажуваат патот до дневната, до масичката, а на неа, бидермаер од булка и ѕвончиња во чаша за ракија, компјутер со отворен ФБ на мојата страна и чај од нане! Цел свет е мој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Детето е како китка за во чаша да се држи...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа што ја прочитав Вашата приказна е вистинско чудо, а чудото се случи на следниов начин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со поглед можеше да ја замрзне водата во чашата пред себе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ќе се наздравува со капинов сок во чаши: „Еден робот совладува Синовите наши!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Иако гардистите на Мортенија или на некој што управува со неа, не беа лесни, ги носевме кон брегот на реката и ги сместувавме во дрвените чунови. – по двајца или тројца во секој чун.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Внатре во чашата Ми го свртуваш вниманието како вино во чашата пред да го пробаш.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Колку сива економија собира во чаша врела вода…
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Таа донесе пијалак, тури во чашите, седна крај мене, наздравивме и се напивме. Тури пак. Пак наздравивме и се напивме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Каде што ќе му дадеа кисело вино, тој од кадилницата ќе фрлеше малку пепел во чашата и ќе го испиеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Учителот молчеше. Гледаше замислено во чашата пред себе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Китан развеселен уште повеќе што полковниците му направија чест, растрчуваше и постојано им туриваше пијалок во чашите. И пукаше со пиштолот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И играта на сенките во чашите. Сликите на минатото во нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ми достига фантазија. Се загледа во чашата пред себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А сега? – пак го прекинува Џим, испитувајќи ја сè уште внатрешноста во чашата јогурт. – Во овој град живеат заедно луѓе од разлечни нации, различни вери. (Стимулација е ова, или пак симулација? – му потшепнувам на Димитар) McDonalds наспроти Златен Клас!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со забележаното хаику завршува записот за нивната посета минатото лето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Полни во чашата малку вино.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Костовица запали свеќа и ја стави во чашата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
АРСО: Малку де, отрувачка не е, пиењето е за луѓе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Налева ракија во чаша со скршено столче и му ја подава.) Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ставив скоч во чашите и отидов до двете слики кои ги направив, двете долги околу метар и осумдесет, а широки околу метар, кои стоеја свртени кон ѕидот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но ти се грозиш Мака ми беше, Бел глушец дупи жирафа, но немав каде, на монструм во вени му тече портокал- Бардовци тебе дилема беше, јафа, Тебе не ти гине да се убијам или да се во чаша плива чудо од дете, Докторката те мерка краде. со бакрена жица чорапи плете. и вика те “сине” Баба на која трет пат и растат заби?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
— Ти си ми орден, вели и ме гледа, во чаша ќе ме испие. Улава младост...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Шампањско немаме, ама ќе си наздравиме со наше домашно вино“ - налеваше во чаши дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка му седи до него, го гали со рака, со очи, нешто му зборува, во чашата дотурува жешко млеко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СИМОН: Пушти ги, остави ги нека се заколат. (Пауза.) ДИМИТРИЈА: Да знаев какви ќе излезете ќе ве издркав во чаша.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од едни необични стаклени цевки ни турија во чаши некаква жолта и црвена течност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми потфрлуваше по некоја трошка од белиот прав во чашата со бело вино, мислеше дека нема да забележам, а јас му помогнав глумејќи дека пијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)