во (предл.) - хороскоп (имн.)

Полничкиот ја малтретираше Лима со муабети од типот: „Што си во хороскоп!?“
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не верував во хороскопи, преданија, знаци. Ги исмевав лековерните среќоверници.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече: „Добро, значи Влав си. Мислев, можно е и да сум се излажал. Влав си и риба си. Човек, ама риба во хороскопот. Знам, сега ќе бидеш збунет“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Е, па, ако знаеш, тогаш знаеш и кого чекам – не баш љубезно ми возврати таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми беше одушевена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми еднаш ме праша кој знак во хороскоп е Мила и јас тогаш не знаев да ѝ одговорам, но отпосле дознав дека е Риба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако јас не бев Риба во хороскоп, туку Скорпија, ова си го имав присвоено за себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Денеска е недела. - Ако де. И онака не верувам во хороскоп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Животот ми е здодевен, сакам да се заљубам, а и во хороскоп пишуваше дека во сабота ќе ја запознаам најголемата љубов во животот, најверојатно облечена во црно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)