во (предл.) - убавото (имн.)

Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Светлоста е непредвидлива обнова на помнењето враќање на филмот со нејасно втиснати фигури на минатото сетни траги од изгубената слобода обид за повторно ослободување враќање назад, во убавото. Како што се враќа помнењето така се враќа - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секоја жена посакува да биде прва во убавото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во убавото има грдо, во лошото има добро, после несреќата доаѓа среќа. И обратно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)