во (предл.) - трка (имн.)

Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Додека цел ден трчаш по пари жена ти на друг кафиња вари твоите денови станаа лоши твоите евра друг ќе ги троши Евро по евро, злато и сребро во трката по нив попушти нервно изгуби здравје за банкноти пусти бизнисот пропадна, тркало се сврти Јас со вера, а ти без евра падна доле, а јас се кренав судбина тера на разна роља животот тркало, а парата дроља
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Жителите на овие региони, сведени помалку или повеќе отворено на робови, постојано преминуваат од еден освојувач под друг, и се трошат исто како јагленот и нафтата во трката за производство на повеќе оружје, за да се заземат повеќе територии, за да се контролира повеќе работна сила, за таа да произведува повеќе оружје, со кое ќе се заземат повеќе територии и сѐ така во недоглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката ги прескокна лесно лавовите во подножјето на споменикот и се придружи во трката. Винстон го стори истото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледот на доктор Батибиус врз неа е всушност нашиот поглед низ отворите во Дишановото дело, а водопадот можно е да укажува на протечната вода во ровот од Маркеловата куќа или дури и на возот во трката со велосипедите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можат ли засенчените слики на readymade да се однесуваат на Маркел, кој тајно учествува во трката и во почетокот се појавува само преку рефлексии и сенки?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Времето како четврта димензија на просторот, немоќта на човекот во трката со времето, богатата симболика на бројот четири..., се само некои од можните лавиринтски патеки, кои се отвораат пред читателот при средбата со оваа проза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И повторно алузии на времето, кое набаре запира токму преку и низ раскажувањето...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Засега можам да кажам дека сум многу задоволна од себе и можеби ќе звучи претерано, но себеси се сметам за едно навистина среќно девојче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голем тркач е тој, постојано нешто прави, некаде оди, некои успеси постигнува, и мене што друго ми преостанува освен да се вклучам во трката?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
“Head coach” овозможува претставување на електронската книга во трката со другите. Inter- Com гради напната, брза интеракција за човековиот дух, којшто ќе ги покажува досегнатите точки на екранот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас не сум Индискиот математичар Пингала И не сум творец на бинарниот броен систем но во трката по гордоста, ќе го позајмам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Чудесни ми се гледаа тополите отаде реката - извишени, растреперени во есенското сонце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЛЕКСИКОН
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По онаа победа во трката на 60 метри станав популарен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мојот предизвик е: Да се натпреварувам со другите кралеви! Во трката во која се наттрчуваат кралеви!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)