во (предл.) - толпа (имн.)

Од службената, протоколарна политичка свест на словенската држава и нејзиниот главен град, настана виртуелната, во уметнички концепт вклучената свест на NSK државата. Комплет со гостите, се разбира. 190 okno.mk Маргина 37 191
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прилог ~кон ~~ ~ ~ сшашисшикаша Од сто луѓе коишто се` знаат подобро - педесет и двајца, несигурни во секој чекор - речиси сите други, подготвени да помогнат, доколку тоа долго не потрае - дури четириесет и деветтемина, секогаш добри, бидејќи поинаку не можат - четворица, можеби и петмина, склони без завист да се восхитуваат - осумнаесетмина, доведени во заблуда со младоста што изминува - плус минус шеесетмина, со коишто нема шега - четириесет и четворица, оние што живеат во постојан страв од некого или нешто - седумдесет и седумина, 192 okno.mk способни за среќа - најмногу дваесет и неколкумина, поединечно безопасни, коишто здивуваат во толпа - сигурно повеќе од половината, окрутни, кога околностите ќе ги принудат - подобро да не знаеме дури ни приближно, мудри после штета - не значително повеќе од мудри пред штета, оние што од животот не земаат ништо освен добра - триесетмина, иако би сакала да грешам, згрбавени, заболени и без батериичка во полумракот - осумдесет и тројца порано или подоцна, праведни - прилично, то ест цели триесет и петмина, Маргина 37 193 ако таа црта е поврзана со напор за разбирање - тројца, достојни за сочувство - деведесет и деветтемина, смртници - сто отсто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе сум меѓу многу народ. Во толпа која може да се разбранува така што ќе ме стегне, ќе ме исцрцори и ќе ми ги дроби коските земајќи ме низ нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш му цитирав една мисла на Егон Ервин Киш од далечната 1913 г.; сега ќе ја повторам, бидејќи мислам дека добро ќе му дојде секому кој ќе се најде во толпа Балканци којашто пијана од евтина евролатрија ја привикува Европа во оној ист ритуален код во кој домородците во сушните периоди привикуваат дожд.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Старецот и младата жена ги снема во толпата од млади шетачи во улиците на „Сан Мишел“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Самиот Ботичели, пак, знае дека е доцна, дека ќе дојде фајронт и сè навистина ќе побара.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Брза во толпата да го најде Тицијан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зајакот се изгуби негде во толпата за да го најде својот мир во реонот на вецеата, каде што остави извесен прилог во вид на купче топчести и тврди фекалии, како потсвесна артификација на рогобатната уметничка случка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имаше еден, само еден, во толпата, беше убав и силен, но со израз на глупак, ништо во него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Два дена подоцна, на погребот, стојам во толпата чувствувајќи се напуштен, дури и измамнички предаден.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа го нагазува својот скејборд и одпловува во толпата собрана на плоштадот пред една црква во близината на Кармелитеклостер.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неповерението тешко и децата го издржуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја зеде тетка си под рака и потем се изгубија во толпата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И денот го паметам, беше попладне, 24 март и се до зајдисонце, во толпи и долги редици, истоштени и капнати од долгото патување, стигнаа во Лобаница многу деца. Имаше мали, големки и поголемки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сега морам да завршам една итна работа,“ и ми намигна, па со една девојка, која сигурно ја имаше запознаено овде, во толпата, тргна кон грмушките на крајот од паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Каде е моето детенце?,“ вреска жената, а некој од веселата толпа која ужива во оваа претстава си ја соблекува кошулата, набрзина ја свиткува, и ѝ ја фрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас продолжив да го барам брат ми меѓу луѓето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои во толпата си кажуваат едни на други дека нејзиното дете умрело при раѓањето, а други велат дека никогаш не родила, а на сите им раскажувала дека е трудна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Младичот се напна да потрча, но како да беше прилепен со корења за камената почва; почна да вика – никој во толпата што се обликуваше во круг, не го слушаше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И колку само лица има љубовта, а колку малку од нив препознаваме во толпата од други, многубројни лица што ги среќаваме...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едно тригодишно девојче кое очигледно сѐ имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се насмеа и се загуби во толпата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон крајот на мај минатата година на главниот загребски плоштад се најдов во толпа луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа беше ниско, повремено вивнување и слетување во толпа џагорливи деца собрани на училишен одмор, каде што ненадејно се спуштав при желба за повисок лет, стравувајќи дали одново ќе се извишам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Појде во пресрет на смртта во егзил во својата Палестина, слободна во соништата, оставајќи ги последните траги на својата легенда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов во толпата од неколку стотици илјади луѓе дојдена од цела Македонија и подалеку, која френетично ракоплескаше на зборовите на маршалот: Ако влезе и еден италјански војник на територијата на Трст, ќе влеземе и ние!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците на кои им се придружив во толпата во париската болница, каде што неговото срце ги одбројуваше последните отчукувања, велеа дека во секого од нас остана нешто од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во почетокот се слушнаа неколку „ уа“ и свиркања, но тие доаѓаа само од членови на Партијата во толпата и набргу престанаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во толпата сите личеа еден на друг, тие сиви оловни војничиња од агол на некоја детска соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кире, со клечка долго чепка и рие во земјата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ја разлабави прегратката и, небаре плашејќи се да не се разбегаме како пилиња, рашири раце и не поттурна во толпата деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледав во црневицата, во толпата, во шумата црна и чемерна и никаде не можев да ја видам мама...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се собравме, ама не се построивме. Чекавме во толпа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)