во (предл.) - тага (имн.)

Твоите очи се и мои, искри во ноќта, радост во тага, лек за мојата болка.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Од милност срцето ми се отклопи Се отвори, се смири, се истопи Во тага блажена и почна да свети Низ молитви, псалми и сонети Меѓу ангелите засонети Во небото засолнети.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Оваа душа е кревка, бара љубов, сака да ги скроти своите неуморни амбиции, своите базични емоции, сака да се помири со самата себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И знам дека моите чувства секогаш се претвараа во тага, а желбата за среќа беше искрена, но никогаш не научив како да ја претворам во пријатна, едноставна убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Плачеше селото, плачеше со силен плач до небеси... Селото се зави во тага...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На Петреица забите како зрна пченица и се изронија, на Петрета очите во тага му потонаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повикаа и по Лествичникот, и тој дојде, притворен во тагата и скрбта своја пред логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оф, Богородичице, Светлино моја во тагата, сум дочекала со домаќинот да се составиме, да сме си целокупни, на старост да си се милуваме и на челатта да му се радуваме...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И сето тоа треба да постои во бледата светлина како излез од темнината; немиот звук во тишината, малата радост во тагата ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
2. Зборот ми е уморен од несоница Поседи уште малку уште неколку мига Овде е сѐ толку будно ни лудило да не ти недостига поседи уште малку времето барем во среќата спие – јас никаде Во тагата ми ѕирка преплашено дете поседи уште малку моќна е близината - разделени како сонот од лагата кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)