во (предл.) - седло (имн.)

Тогаш садриазамот се подисправи во седлото на коњот и со слободната рака, во другата, во десната, го држеше јатаганот, го извика кај себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој ден во Домот на младите "25 Мај" во рамките на редовната програма на традиционалните Синеастички вечери се прикажуваше филмот "Голи во седло" со Питер Фонда и Денис Хупер во главните улоги.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дрварите, кога доаѓаа од дрва, секогаш имаа по некое полено в седло за кога ќе поминат кадешто ги собиравме дрвата, да можат да фрлат некое.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Морам да признам дека не бев убеден дека Голи во седло ќе биде комерцијален филм и дека луѓето ќе го прифатат неговиот опуштен стил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Питер Фонда и Денис Хопер штотуку го завршија Easy Rider (Голи во седло). okno.mk | Margina #17-18 [1995] 235
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Челникот и човекот на коњ продолжиле да се движат еден кон друг како по некој поранешен договор, без брзање, бавно, секој со своја срдечност - така изгледало - да подаде рака за поздрав, не намерници на кои животните врвици им се составуваат случајно туку стари познајници и приврзаници на човечко пријателство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Застанале еден спроти друг, Онисифор Проказник свртен со грб кон своите луѓе, другиот поткренат во седлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледајте. Од неголема чука се спуштале кон нивниот челник коњ и јавач, дебелникав човек во темномодра облека, војник или одметник, вкочанет натрапник со нејасно лице и со нејасни намери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Емерсон рекол: “Предметите се во седло и го возат човештвото”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)