во (предл.) - распоред (имн.)

Во тој миг, Татко забележа во распоредот дека неговата просторија со сиџилите им беше дадена на младите архивисти-ориенталисти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше вистина дека Татко имаше оставено еден вид тестамент за сите нас во распоредот на читањето на неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)