во (предл.) - рамнодушност (имн.)

Душата ми беше лесно раздразлива, слаба, кршлива, чувствував нарушена рамнотежа помеѓу свесното и несвесното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, не можев да ги симнам, потсвесно сакав да се измачувам, да гледам во тие неподвижни опскурни референци на некогаш среќни лица и да повторувам колку длабоко ги презирам тие очи и тие усни кои љубовта ја претворија во болка, или уште полошо во рамнодушност, како никогаш и да не било.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зарем и јас самата почитуваната spec. не е таа вода, што се прелева од неспокојство во бес, од бес во рамнодушност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ме дотера до гнев. Мојата љубов кон него се претвори во омраза, а омразата премина во рамнодушност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Другата теориска можност се разбира е солидарноста, но не знам како се стига до неа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едниот води во рамнодушност или дури во некоја форма на хетерофобија која­што денес си ја присобира силата ширум Европа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)