во (предл.) - рамено (имн.)

Бранко ја собра главата во рамената, целиот се сви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите сили ископнуваа полека и жилаво, оставајќи по себе една пуста болка на увиснатост само во рамената и во тоа како можеа да бидат држени издолжените раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)