во (предл.) - прошетка (имн.)

Одеа во прошетки и посети или ним, на неколку дена, им доаѓаа дворјаните од другите замоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Убаво е во Париз да се поминуваат деновите во прошетка, во разгледување на неговите знаменитости и во уживање поради тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Змиулчето му јадеше од рака, го следеше во прошетките низ шумата, дремејќи во џебот од неговата избледена, но сè уште топла бунда или (кога сонцето ќе ја размрдаше) ползејќи по него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Облечена во бело, како во прошетка низ библијата, Едно утро таа забележа: Затворени прозорците на дуќанот, Изгорени хризантемите во нејзината саксија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)