во (предл.) - просек (имн.)

На пример силата на еден наш баталјон во просек не е поголема од 250 мажи... - И жени - дофрли некој. - Да. И жени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Барем да се знае во просек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во „канцелариската“ зграда на „Пелагонија“, речиси, сè беше ангажирано околу исплатата на месечните заработувачки, кои во просек изнесуваат околку 1,600 марки, бесплатно спиење и оброк, кој не чини повеќе од 1,5 марка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тодор беше лижигаз, ако се земе во просек поголем и од Влатко, но за разлика од Влатко кој не го красеше голема памет, Тодор не беше глуп. Далеку од тоа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се извлекоа со година – две, а во просек одлежаа три – четири месеци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)