во (предл.) - пропаст (имн.)

Ја загубивме нашата слобода кога станавме свесни за сопствената смртност, невиноста се загуши во пропаста и ништовноста на веќе и така неподносливиот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Блаженството што го очекуваше се претвори во пропаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рамната линија, меѓутоа, води во пропаст, тврди Хундертвасер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Токму така, „Рамната линија води во пропаст“ е името на неговиот манифест од 1952 г.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Линијата што ја исцртувам со своите нозе за да стигнам до музејот, е поважна од линиите кои ги гледам на сликите изложени во музејот“, пишува Хундертвасер, а на крајот од манифестот ја испишува реченицата „рамната линија го води човештвото во пропаст“ на германски и француски јазик. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 127 За разлика од рамната линија, „која води во пропаст“, спиралата е „органска“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никој не сакаше да го детронира таткото на нацијата макар што земјата одеше во пропаст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И таа потрага по суштината, тоа соочување со трагичното на постоењето, не е нешто што се прави по сопствен избор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е потрага по суштинското кое не е сочинето само од материјалното; а таа потрага носи ослободување од очајот кога се наоѓа смисла на сопствениот живот, а и, затоа што смислата е поврзана со сѐ што егзистира, на смислата на општочовечката суштина, и на суштината на сѐ она што е, што го има, а кое законите на физичкиот свет, ако не постои ништо отаде материјата, на крајот го фрлаат во пропаст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Истите оние кои до вчера укочени во најдлабок патос на национално саможртвување го посматраа сеопштото струполување во пропаст, не правејќи ништо тоа да се спречи, денес, од најдлабокото дно на провалијата пишуваат инфантилни писменца до водачите на светските сили пресметувајќи се со нив како со мочковци од соседството.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мајка ми попусто го убедуваше да ги остави козите и Чанга, да не ги повлекува сите во пропаст. Жртвуваните нека останат жртвувани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја наместувам во санката бледа, растреперена, ја прегрнувам со едната рака и заедно со неа се сурнувам во пропаста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од силниот ветер просто не може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штом ќе ѝ предложам да седнеме во санката, таа ќе погледне надолу, а душата ќе й затрепери и здивот ќе ѝ запре, а што ли ќе биде ако се реши да летне во пропаста!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разберете, тоа е само малодушност, плашливост!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)