во (предл.) - принцип (имн.)

Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во принцип, ваквата дејност претставува фонетско- фонемска анализа на јазикот, која се спроведува врз основа на споредбата на фонетската страна на јазикот со фонетски единици, кои во определен редослед се претставени во системот на писмото- прототип. Маргина 37 85
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во суштина, тоа е создавање на план на содржина на системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во принцип, според пописните листи, ликвидацијата на козите била педантно завршена, арно ама, козарот знаел оти овие клетници повторно ќе дојдат, да проверат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, вистина се противеа, не сакаа или не смееја во принцип да чуваат кози, но нивните деца и семејствата не можеа без млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И не би било следење на правило, кое го исклучува акциденталното, непредвидено, „на слепо”, или варијабилно усогласување, туку треба да се состои во определено почитување на она за што правилото вели дека е конститутивно за придржувањето кон него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од стојалиште на длабинската екологија, на законите коишто ги штитат животните и природата во принцип им се приговара поради тоа што ги третираат како сопственост на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во вториот случај во принцип се сака истото но со една сосема друга метода (arte nova), па се докажува дека она едното, што се соединува, може да се расцепи на повеќе начини, при што секој поединечен дел секогаш ја одразува okno.mk | Margina #26-28 [1995] 230 “целината” - “неизговорливата” светска хармонија на мистерии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не морам да одам. Во принцип, јас си ги завршив, прегледите! ...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Иднината може да се антиципира единствено во облик на апсолутна опасност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веќе алудиравме на теориската математика: нејзиното писмо, било да се сфаќа како сетилна графија (а таа веќе претпоставува еден идентитет, значи, еден идеалитет на нејзината форма, што во принцип го прави апсурден широко прифатениот поим на “сетилен означител”), било да се сфаќа како идеална синтеза на означени или трага оперативна на едно друго ниво, било, уште подлабоко, да се сфати како како премин од едните кон другите, никогаш не било апсолутно врзана за една фонетска продукција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од суштествени причини: единството на сѐ она што денес може да се постави како цел, преку најразличните поими за науката и писмото, секогаш, во принцип, повеќе или помалку кришум, е детерминирано од една историско-метафизичка епоха; ние го наѕираме единствено нејзиното затворање /clôture/. Не велиме: крајот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да земеме само неколку ориентациони точки како вовед за нашата ограничена цел.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако, едукацијата на несовесниот работодавач, во принцип, може да се смета за позитивна новост, сепак нејзината незадолжителност може да претставува проблем во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Разликата меѓу нивната ситуација и нашата е дека во принцип никој сега не ја сака револуцијата што ја имаа на ум; ниту веќе некој сака да ги национализира средствата за производство или да ја укине приватната сопственост.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Објаснувајќи ги односите помеѓу несвесните ментални состојби и свеста, Серл го формулира својот принцип на врска: „Сите несвесни интенционални состојби се во принцип достапни за свеста“. (стр. 156).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Без разлика дали се работи за убави или негативни нешта, иако во принцип човекот се стреми кон поубавите работи, здодевноста е посредникот што го гони напред.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, нивното мислење дека, бидејќи не се членови на Организацијата, нејзиниот ЦК немал право да се интересира за нивните акции, во принцип било неправилно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А биле готови тогаш кога во принцип било решено наскоро да се дигне востание. Не се знаел само денот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие можат да покажуваат сложено, хаотично поведение што ја отежнува нивната употреба за создавање на прецизни претскажувања; можат да бидат нестабилни, така што и најмали промени во еден дел од моделот да доведуваат до многу големи промени во неговите претскажувања; можат во себе да вклучуваат некои величини кои што, едноставно, не можат, ниту во принцип, да се пресметаат; во нив може да има некакви врски што тешко можат да се разберат а нѐ спречуваат да го анализираме поведението на моделот со тоа што, на пример, би го разбиле на помали и полесно сварливи делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не би сакала да го гризнам, во принцип не сакам кисело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само лошо информираните дипломати беа оптимисти за историскиот компромис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Точно е претседателе, луѓето на Стојан не се вооружени, ама во принцип тие само го прават она за што ги овластил парламентот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нашата цел не е Стојан да го замениме со нов Стојан, ама во принцип прифаќаме секого кој што ни е од корист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во принцип, воениот напор се планира така за да го изеде секој вишок што би можел да постои откако ќе бидат задоволени најнеопходните потреби на населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во принцип, членот на Партијата немаше слободно време и никогаш не беше сам, освен в кревет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние сме непријатели на Партијата. Не веруваме во принципите на Ангсоц. Ние сме зломислители.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во принцип, припадноста на овие групи не е наследна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имајќи предвид дека според стариот закон еден претставник се избираше кај работодавачот кој има над десет вработени до 250 вработени, двајца претставници до 1,000 вработени и тројца претставници над 1,000 вработени (чл. 46 и 48, ЗЗР), може да се забележи дека со ова, во принцип, работниците во претпријатија со над 100 вработени добија поголем надзор врз безбедноста при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
(Мислам оти на ова место треба да истакнам дека во принцип подобро владеам со она што сакам да го искажам одошто со она што евентуално ќе го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, во принцип, сака да е предводник во играта Одгајувач на сомненија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај тоа, Adams-Webber (1979) покажа дека можеме, во принцип, операционално да дефинираме логички односи помеѓу екстензиите, или „областите на прикладност”, на било кои два конструкта преку буловата алгебра.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Второ, ќе се спротиставам на некои филозофски забелешки дека ВИ во принцип е невозможна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)