во (предл.) - примена (имн.)

Меѓу бројните психоактивни супстанци кои ја менуваат состојбата на свеста, поради своите специфични фармаколошки својства и едноставност во примената, посебно интересирање предизвика наркотичкиот гас азотен оксидул.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите редимејди не ги претставуваат во еднаква мерка овие содржини и на најчистите или „најтврдите“, во склад со потребата на индиференција, благодарение на економичноста во примената на пулсирачкиот автоматизам, тешко, освен можеби според инскрипциите, е да се разбере било какво застранување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иронијата е присутна во деконтекстуализацијата и во нејзиното заострување (специфично место на редимејдите); заробениот случај, “конзервиран” и предизвикувачки, латентен е во програмирањето на процесот на изибрање и во случајното фаќање на случајноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до постапката при известување за смртен случај, колективна повреда и потешка повреда на работа, како и за недостатоци во примената на прописите за заштита при работа кои ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат безбедноста на работниците при работа, одредбите останаа непроменети, односно, инспекторот е должен веднаш да изврши увид на лице место заради преземање на соодветни мерки (чл. 22, ЗИТ/85 и чл. 21, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Какво е тоа дупчење, проверување, потчукнување, гледање под микроскоп, делење на куќата на нумерирани површини – што е сето тоа ако не претерување во примената на еден принцип или група принципи на пребарување, засновани само врз еден вид претстави за човековата остроумност, на кои свикнал префектот во текот на својата работа?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)