во (предл.) - приказна (имн.)

Знаевме дека зад петици ни е волкот, како во приказната за козичката на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга мораше да им го објави на козарите влегувањето на волкот во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Добрите луѓе, никому не му се интересни, а целна особеност на раскажувањето е да ве заведе во приказната, па затоа продолжувам со средното дете на баба ми, мојот, за жал(ење) и огромна несреќа, вујко, првото машко во фамилијата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најголемата сала на „Долма Бахче“ збунува со својата монументалност и со својот тежок раскош, со богатството кое може да се замисли само во приказните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз е познат по големата пасија кон кучињата, која е развиена, дури, како во приказните. Кучињата и мачките се заштитени со закон.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во приказните тие се претставуваат и како злобни, а можеби е тоа земено од животот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, таа мораше да го уништи, бидејќи, да не заборавиме дека Оскар Вајлд рече: „Ги убиваме оние што ги сакаме”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еве еден сериозен проблем во Америка: како да се најде сценарист, одговорен писател, способен да го организира и сочува она суштинското во приказната?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш се враќам дома со букет од солзи, со боја на јоргован, и фрлам по пат една по една, како во приказните за малите деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Поентата е што, во приказната во којашто се наоѓаат, тој до самото разрешување не би променил ни збор.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ПОДЕЛБА (скаска со поднаслов: Подигра) - Се сретнале Е. А. По и Р. Полански. „Си ја подзалижал косата ко да одиш на подиум“, му рекол По на Полански. „А ти подзалажуваш во приказните ко подлец!“, рекол Полански. „Кога го подзасили тонот подзаличи на тип од подземје“, рекол По. „Па, колку што знам, тоа е и твое подрачје“, рекол Полански и дискретно подждригнал. „Што фураш, Полански, во филмовите?“, прашал По. „Подлогата ми е една мачка“, рекол Полански. „Еден тип“, подмачкува друг тип, го убива, го шиба во подлогата со мачката, става цемент и сѐ подзамачкува!“ „Личи на мене!“, рекол По. „А ти, што фураш?“, прашал Полански. „Нешто ко подмет ми е една подморница“ што полека, од разни подсвесни и подтекстуални причини, се подигнува кон Месечината.“ „Знаеш што, По?“, рекол Полански. „Согледувам: наше поднебје е ПОД!“ „Фино речено, Полански. Драго ми е што подискутиравме“, рекол По. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Да се креваат и да растат куќите убави, поубави дури и од тие во приказните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мал мој, читателе, она што беше најглавното во приказнава веќе е речено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мечки постоеја уште само во приказните, а за волци се раскажуваа многу живи сеќавања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Смислата на овие технички вежби е во следното: повеќето книжевни почетници ги потценуваат тешкотиите кои треба да се совладаат за да се стане уметник; тие не сфаќаат или не веруваат дека големи писатели се обично оние кои, слично на концертните пијанисти, знаат во сѐ што работат да се служат со разни технички средства.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со други зборови, не губете време. 1) Напишете параграф кој ќе се појави во приказна или роман, непосредно “пред” откривањето на лешот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа е декоративна, нема трајна социјална вредност, тешко дека ќе се најде Евреин во приказната.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сè се случи како во приказните... толку обично…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Никогаш не сме толку смешно големи Како во приказните за нашите победи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Му се чинеше дека сите страшни мечки и волци што постојат во приказните се насобрани во претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го правиме заради животот бидејќи тој треба да се почитува барем додека не заврши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај ние ова не го правиме заради некое подалечно време, заради нечии спомени што треба да влезат во приказните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие претставуваат потенцијални места за влез во начин на суштествување усогласен со твојата визија за еротско и естетско совршенство, наместо постоење што ти бара да си ги жртвуваш сништата во служба на стварноста – на тмурниот, исполнителен живот како оној од улица Корделија во Питсбург кај Катер (бистро именувана според скромната, нестремежлива, буквална ќерка на кралот Лир) – како што стрејт-општеството би сакало да правиш.281 Во таа смисла, борбата на Пол во приказната од Катер или борбата на Веда во Милдред Пирс е борбата на машката геј-култура како целина.282 Веда не само што ја застапува каузата на бегството, со помош на пари (во нејзиниот случај), од задушниот свет на хетеросексуалните семејни вредности; таа исто така се бунтува и против самиот биолошки детерминизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знам“ (210).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лео Берсани јако го пренесува чувството на геј-посраменост поради неминовната пропаст на геј-мажественоста упатувајќи на „класичното спуштање: влегува буч во бар и се топори наоблечен во кожа, зинува и звучи ко пешован, те носи дома, каде што првата работа што ја гледаш му се сите дела од Џејн Остин, те легнува на кревет и – и другото го знаеш“.320
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби е тоа лит стереотип, но верувам во него – просто знам“ (30); „Се вљубувам во старите градби и во приказните за луѓето зад нив уште откога бев дете“(51); „Кога бев дете, многу ме интересираа зградите и архитектурата“ (61); „Мислам дека сум генетски предодреден да бидам колекционер“ (70); „Мајка велеше дека првото богатство сум си го донел дома кога имав седум години“ (99); „Дури и кога бев дете, цело време сакав да поправам работи“ (111); „Уште од како паметам, ме фасцинирале куќи и ме фасцинирало тоа што се случува внатре“ (118); „Уште кога имав три години знаев дека ќе бидам уметник“ (131); „Компулсија е тоа или опсесија?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие видови луксуз ти овозможуваат да живееш во подобар свет, кој не мора да биде поскап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да дојдеш до живот во гламур преку секс во најмала рака така што ќе уживаш во непопречувани сексуални задоволства со незнаен број посакувани луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е ни чудо што на главните ликови во приказната, Вир и Клагарт, толку им се брза да го умрат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вил Фелоус собрал многубројни речовити лични сведоштва за тој ефект, документирајќи ги и силината и сеприсутноста на таквите перцепции, со особен осврт на историското конзерваторство и архитектонското реставраторство: „Уште како дете, кога растев во неугледна фарска куќа, имав око за поинтересните и попривлечните градби“ (29); „Геј-мажите се многу усетливи за убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запознавам некого... мажиште... во бар или на бања и ми се гледа баш онаков... каков што го сакам. Згоден мустак, фармерка ливајс, штиркана војничка кошула... снага-човек...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом сте го имале, едвај чекате да се ослободите од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ураганот навистина се случил, и сигналниот вод на мојот пријател навистина ја имал задачата опишана во приказната.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мојот конкретен проблем во сцената во барот не е само во тоа што девојката која е од Вирџинија зборува со дифтонзи карактеристични за Тајдвотер, туку, што е уште полошо, инсистирам тоа да стане важен елемент од заплетот - за Ливајн тоа е битно, и следствено, битно е и за она што се случува во приказната. okno.mk | Margina #1 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Движењето на писателот во приказната и на читателот низ приказната условено е и овозможено со капацитетите на просторните симулации на компјутерот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Внесен во приказната за длабоката вистина што ја раскажуваше старецот, ставајќи ги на вага тие две работи кои не беа споредливи големини: разговорот со старецот со тежина преовладуваше над повикот кон освојување на желбите на бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш се случило нешто што се случува само во приказните.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во соништата ми оживеа и лошата маќеа на Пепелашка, и страшната маќеа на Ивица и Марица, и маките што ги претрпува девојчето од маќеата во приказната за црното кравајче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така ние го изгубивме нашиот даровит другар Моне Хенџов-Даров, кој длабоко веруваше во приказната што ја измисли, која можеби и денес со занес ја прераскажува во сјајнита одаи на неговата царска палата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со други зборови, претворањето на човекот во птица може да се третира како измислено сомо во приказните, но штом се помине на метафоричниот јазик на поезијата тоа станува вистинито и стварно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така, на пример, во приказната Како го изгубивме нашиот даровит другар Моне Ханџов-Даров се вели дека Моне Хенџов-Даров „длабоко веруваше во приказната што ја измисли“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што е тоа што најмногу нè возбудува во приказните што ги слушаме како деца?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој излез е понекогаш недофатлив, понекогаш сосем едноставен, што воопшто не го нарушува задоволството во приказната, која за раскажувачот Хорацио ита бескрајно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отпочнува, кој знае која по ред, верзија за животната љубов во приказнава на мојот мелодраматичен пријател, кој, гледајќи низ мене, продолжува да рецитира: - Летото ни беше климакс.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Маестро, најмил мој, во приказната, како и во животот, треба да имаш доволно шапки, но на една подолго ќе ѝ се восхитуваш, и почесто ќе ја ставиш на главата, а другите ќе ги сместиш по плакарите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еве еден пример - во приказната за Иван Јаковлевиќ Антонов, Хармс пишува - „Една продавачка се прозевна и во устата и влета кукавица“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Покрај многуте нешта во романот што даваат ритам на свадбата - стожерната тема во приказната, впечаток ми остави поглавјето во кое осакатениот и во телото и во душата, Мухарем, по загубата на црвениот петел, им се придружува на Среќко и на Исмет, луѓето задолжени за погребување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таму е како во приказната за Хусрев и Ширин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја мачеше само помислата дека пропуштила нешто во приказните за првите бакнежи, или дека, не дај боже, нешто ѝ фали, па никогаш нема да може да ужива во бакнувањето, во тоа грозно, агресивно и лигаво пикање на јазикот во нечија туѓа уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ма, сигурно... Кај постоело бесмртна вода... Тоа само во приказните го има...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додуше во приказните имаше и добри моменти, вешто камуфлирани иронии, кои го оправдуваа терминот ’народен гениј’ за нивните анонимни автори.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во 1984 г., замолив секого од нив да ми испрати цртежи со прикази на шест главни настани во приказната.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ЌЕЛЕШ - Презрив назив за ќелав, деградиран, ништо човек; обично така се именува најмалиот син или зет во приказните.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше еден нерез, за какви што тој само слушал во приказните; такви ни шумата не може да одгледа почесто од еден во стотина години, тежок сигурно над триста килограми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е, ако е тежината во крајот со бојата црвена и вегетата, нането и биберот и двата листа лорбер, тогаш варењето грав во приказната за домаќинлукот спаѓа во средно тешки обврски на секоја женичка што по дома секој ден го прима оној што со неа комуницира само кога треба да ја праша: „Готов ли е ручекот?“ и со онаа другата реплика, која не зависи никогаш од менито туку од видот на типот кој, без да размислува, мора да рече „Пак ли?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мирјана Глигорова Секоја чест Рада за питорескниот израз и топлината со која ги редиш своите сликички од животот на само тебе својствен начин, го вовлекуваш читателот во приказната, да дише, да сочувствува со ликовите. Браво!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се поздравив со мајка ми Како во приказната за мачорот во чизми, наследството го поделивме нееднакво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас не знам што си кажал до сега пред овдешниве, не знам каква улога си ми дал во приказната.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние сѐ помалку го живееме животот, а сѐ повеќе живееме во приказни кои треба да го надополнат празното.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Љубовта кон Сања го внесе него во приказна во која тој веруваше и, од ден во ден, таа приказна ја прошируваше убеден дека сетоа тоа е така: дека нејзиниот брат е убиен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но и јас сум виновна, можеби само јас, бидејќи лесно влегов во приказната.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако се случува во некое друго место, тоа место е како што е назначено во приказната)
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, тоа нема да можат да го остварат сите читатели на овој текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствено уште во приказните на некои народи ги среќаваме оние суштества полни со млеко и солзи чиешто дете со гордост...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму нив, тие три мали лаги, треба да ги додадеме во приказната како основа на овој љубовен лек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговите собрани раскази имаат добиено високи признанија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред една година, додека одев на работа, ја оставав сама во мојот стан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговиот песимизам излегол на површина во приказните како Тарас Буљба (1835) и Дневникот на еден лудак (1835).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми дофрли: – Како која обетка? Онаа која е предуслов за да станеш јунак во приказната „Чај за двајца“ и да дојдеш овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, ама сепак, онаа што јас би ја посакал за мајка, таа е обична девојка од една народна приказна, невеста на еден млад господар од овој крај...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш да го кажам и тоа дека во оваа приказна нема јунаци, единствените јунаци тука сте вие, нејзините читатели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Верувајте ми, Филипе, она што ни недостасува, тоа е природноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзина единствена цел е да ги разбере дилемите на Лена, низ јазикот на Лена, во приказните на Лена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не верувам во приказни и бабини деветини. Верувам во други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Замислувам: смаченоста од нејзината непобитност ја направила одбивна и грда како во приказната на Чарлскаја за Сказната и Вистината – осудена на една чудна, страшна и сомнителна роднинска врска.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога паѓа ѕвезда во приказната на Андерсен за девојчето со кибритчиња, се вели дека некој умира.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Прокелт да бидам, пријателе, таа иде. Колку што деновите одминуваа, јас сè поцврсто верував во приказната за Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чудно е тоа што понекогаш, ете, во еден таков миг и времето ѝ се друго мораше да биде против вашето срце, точно како во приказните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа се гледаше и потврдуваше кога во приказните што ги раскажуваше оживуваше разни чудовишта и самовили што никој никогаш не ги видел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Томаица беше сосема потоната во приказната, заборавајќи на сѐ околу себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не верувам во приказната на Танаско за килимчето! А тој, Танаско, гу немам видено.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко како да се приспособуваше на присуството на грофот Чано, во приказната на нивниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па тој беше главниот, како што велиш, во приказната, мил мој – одговори Мајка изненадено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За да има фантастика во книжевноста неопходни се четири услови: да се премине од стварноста во некој сон да се патува во време да постои приказна во приказната да се има двојник или неизвесен идентитет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да може да стане некое чудо како во приказните од „Илјада и една ноќ!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ова е, другари, како во приказна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се разбира, во приказната вистинската мајка ќе се откаже од својот дел бидејќи за неа најважен е животот на малечкото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во хибридниот јазик на бате Иле, како и кај дедо Санде (кој, пак, затоа, францускиот го зборуваше граматички без грешки¹) се провираше блага нота на кумановскиот (иако во Скопје живееше од својата десетта година - сите деца во приказните на бате Иле имаа десет години!), но кога ја кажуваше прокопиевската историја, во директниот говор на „актерите“ задолжително го употребуваше кумановскиот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Господ Саздов изгледа не знаеше дека Зумбул го викале коњот со кој Чауле се нашол пред вратата на црквата. (Ова ми го откри доктор Пачев кога слушна дека во приказната го спомнувам коњот на Чауле).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Не знам зошто сништата нè враќаат во приказните, кога животот нè брка од нив“, забележа дед Павел но не ми се обраќаше мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му се причинило дека во приказната на Голем Тодор лежи и некоја тајна, некој невидлив податок или порака што вреди да се соопшти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Нив ќе ги сретнеш само во приказните, но и во приказните речиси по правило на крајот остануваат изиграни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакам да речам оти чесните во сите случаи: и во приказните, и во животот, завршуваат со јамка на вратот, како добичињата, или, во најсреќен случај, со празни раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа е добро да се дружиш со нејзините две ќерки, Лиза Минели и Лорна Луфт. (1979) ◊ Отсекогаш сакав Таб Хантер да ме глуми во приказната за мојот живот. (1980) ◊ Factory беше место каде можеше да ги пуштиш проблемите сами да излезат, а поради тоа никој да не те мрази.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакав целата болка и тага да ја преточам во приказна со убав почеток, а за крај тајните на мојава некогаш блага душа ќе ги преточам во тажачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот ме научи дека љубовта е триптих составен од три дела кои градат целина, сакање, почитување и разбирање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Полесно ни е да ги трансформираме туѓите одговори во приказни и да им даваме значење отколку на сопствените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За повторната средба на Дедо Мраз со Добре, најдобриот човек на светот, ќе се раскажува во приказните на сите потомства.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледајте, солитерине - како во приказна - Чардак ниту на небо, ниту на земја!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Живееше во сликовница, во приказна со среќен крај, точно на четиринаесеттата страница.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ВО ЛАВИРИНТОТ........................................................................ 108 ЧЕТИРИ ДАМИ............................................................................. 109 ШКОЛКА...................................................................................... 111 ВРЕМЕ.......................................................................................... 112 АЗБУКА букви што своеволно се претвориле во приказни за деца и недораснати
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Чувствував некој страв од ѓаволи, од вампири, од мечки, тие беа и во моите соништа, исти како во приказните што постарите ми ги раскажуваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)