во (предл.) - престилка (имн.)

Слезе во јамата и од таму се врати носејќи во престилка куп хартии и пликови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби би можеле да се сретнеме таму?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во писмото имаше и една фотографија на Фаерабенд, облечен во престилка и искезен, наведнат над мијалник полн со чинии.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Барајќи го другиот, тие пак се качиле во домот на Мишел и клетиот човек го нашле како, облечен во престилка и со чинија и салата в раце, се преправа дека е готвач на француското семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Човекот во престилката, Диовецот, нè одведе до најубавата маса, макар што сите беа слободни, од која се гледаше и шанкот со скарата и влезот со прозорците - па можеше истиот час да порачаш нешто од шанкот и да го прескокнеш прозорецот за да не платиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вратата се отвори и пред неа на скалите стапна човек во престилка и завртени ракави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во кујната, исто така, столчето го немаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше само табурет, на кој седеше куварот во престилка и со капа од тоалденор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)