во (предл.) - превод (имн.)

Впрочем, тие со својата манифестирана бесчувствителност, со својата пасивност и со својот шематизиран и извештачен правен пристап, потајно и се залагаат за оваа status quo позиција – оти најчесто „тие ги одбираат овие професии не со цел да им помогнат на другите, туку да се збогатат“ (Ганди).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7 И за крај на оваа искрена, добронамерна и етичка критика на плиткоста, возгордеаноста без покритие и карактерната расипаност на судиите, би го навеле брилијантниот пасус на Б.Паскал, 7.  An Historical Introduction to Western Constitutional Law – 1995, во превод на македонски како: Историски вовед во Западното уставно право; Табернакул; Скопје, 2010; стр. 93 и 95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете затоа, алчните судии, но и адвокатите – коишто, според зборовите на Махатма Ганди, се нивните „први братучеди“ и кои „попрво би ја продлабочиле кавгата, отколку што би ја решиле“, воопшто не ни гледаат работите да ги направат поразлични од она што сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Името Рајчани по сѐ судејќи, во превод значи населеници на рајот или мештани на рајот – луѓе кои заслужуваат да го видат рајот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доволно сум во здравтвото за да знам дека тоа во превод значи ...вашата мајка почина... ама не сакав да верувам во тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Полунасмеана. По малку лута. Ама жива. Парализирана. Ама жива.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Интересот за философијата кај него повторно оживува кога го напушта учителското место и доаѓа во контакт со неколку членови од групата која станува позната како Виенски круг, подразбирајќи го тука и нејзиниот водач, Мориц шлик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
кога се враќав од јапонија во едно бифе на аеродромот во токио видов монаси со слушалки во ушите слушаа нешто што ги правеше мошне горди и што ги тераше уште повеќе да пијат варено вино и да потскокнуваат и да скокаат од радост како кога со едно ухнување се’ што е старо ќе го ослободат од прашина како кога од чиста верност маршираа низ вжарените полиња на олимписките огнови за кои се вели дека се застарен ориентир за секој оној кој макар еднаш се изгубил во преводот на цукији пазарот во токио, на пример, или пак за секој оној кој се накркал презреана лубеница па сега талка и стенка барајќи јавен нужник а на секого кој има таков зорт барањето нужник му изгледа долго, долго, бесконечно долго.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Патувањето е објавено и во Советскиот Сојуз, во превод на Елза Триоле и Арагон, а Селин се одрекна од авторските права во корист на Сталиновата држава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие ќе се појават во превод на Пантелиј Заров, но, се разбира, ќе биде споменато и вашето име.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа година од печат излегол неговиот роман Мојот американски аџилак (1953) во превод на македонски јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако сакате граматичко правило: прирокот фонетски се совпаѓа со субјектот: На пример: Le negre aigrit, les negresses s ,aigrissent ou maigrissent. (Црнецот се скиселува, црнкињите се скиселуваат или ослабнуваат. Фонетската игра со зборови се губи во преводот; заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уметноста е создадена од низа индивидуалци кои се изразуваат себеси, тоа не е прашање на напредокот. Напредокот е само наша голема претензија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Проверувам на старата карта составена од Чуповски и наоѓам дека Пцарадес, што во превод значи - Рибари – е старото име на селото Нивици.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лак, сега викано Микролимни, што во превод значи Малоезеро, не изненади со својата уредност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Месопотамија значи – меѓу реки 21 Кристалопиги – тоа е новото име на Смрдеш и во превод значи - кристален извор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Порачавме чај. - Вие во Македонија пиете руски или кинески чај? – во превод праша Марјета.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Или во превод на овдешен јазик, подмладувајќи се.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така и шеташе, постепено стареејќи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но дури и со прозната сатира што ми легна во преводот постоеја определени проблеми, со кои се сретнува секој преведувач.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да се надеваме, еден убав пролетен ден ќе се сретнеме и со нив.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ние во Франција, посебно сме привилегирани што ни се нудат на прочит неколкуте дела од овој автор во превод на уште едно дипломатско перо, францускиот амбасадор Патрик Крисман, гордоста на Ке дОрсе, со оглед на неговото владеење на дваесетина јазици, кој со своите суптилни и префинети нијанси, овозможи, на еден нов начин да се збогати традицијата на француските дипломати-писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски се обиде уникатното значење на инаетот во балканската архетипска ментална конституција кај одделни народи посебно, да го поткрепи и со неколку фразеолошки докази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да го долови подобро и подлабоко значењето на зборот инает, тој се обиде со помош на своите речници да го најде во превод во четириесетина јазици, но со ист корен го најде само во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко му беше познато дека Флобер му се восхитувал на романот Дон Кихот Кихот од Сервантес, што го беше читал во превод на албански од Фан Ноли и оваа книга ја имаше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа во превод би значело нешто како „здраво“ или „добредојде“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зборот Диерфилд во превод значи „Поле на елени“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Татко посебно внимание обрнуваше на албанското издание на книгата на Сервантес Дон Кихот, во превод од архиепископот, државникот и писателот Фан Ноли.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Шејтановидното старче одговори како санким прашањето да го очекуваше: „Ене онаму над мостот, преку онаа другата река, да ѝ ебе пес мајката...“, рече промламуштувајќи уште нешто нечујно што во превод за Едо значеше „и нејзе та и вам кои кај неа доаѓате“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Минало време и тој се изгубил во преводот на имињата на местата, на луѓето на верите и на светилата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бенјамин пишува дека, во превод, оригиналот станува поопфатен; Дерида додава дека преводот се однесува како „дете“ кое не е само „продукт“ подложен на законот на „репродукција“, туку кое покрај тоа ја има “моќта самостојно да говори” во нов и стилски различен, надополнувачки јазик, што ја одѕвонува „Вавилонската нота“ која предизвикува јазиците да растат. 78 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според Дерида, во преводот, непрочистеноста се самопројавува, случајностите се јавуваат и станува видлив процесот на десхематизација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кристијан Фаур, директор на Технологии за соработка во уметноста при Универзитетот Денисон, Охајо, САД, беше љубезен да ми помогне во обезбедувањето пристап до академските списанија во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мојата искрена благодарност до Марија Тодорова заради нејзината помош во преводот на моите текстови од англиски на македонски јазик, како и за постојаната поддршка и поттик. 129 ИНДЕКС Адорно, Теодор 80, 85 Акончи, Вито 67, 118 активизам 51, 75, 107, 108, 118 Андерсон, Малколм 16, 20 апатридија 33-37 Арент, Хана 76, 79, 95-98 аутсајдер 9, 14, 57-58 Бауд, Михиел и Вилем ван Шендел 12, 22, 23, 55, 57 Бауман, Зигмунт 40 Бенхабиб, Сејла 97-98 Берлински ѕид 21 билборди 102-111, 117 регулација на, 103-104 Бонито Олива, Акиле 111 Бордерхак 50-52 Бродел, Фернан 9 Валерштајн, Имануел 24 весници 71, 81, 103 Водичко, Кшиштоф 113-116 Вохенклаузур 52-53 130 Гиденс, Ентони 38 глобализација 38-40, 45-47, 49 дефиниции 38-39 граници дефиниции 11-13 функции 14 и идентитетот 24 Грос, Елизабет 10, 25-26, 57-58 Гупта и Фергусон 60 détournement 106 Димитријевиќ, Брацо 110-113 Донан, Хестингс и Томас Вилсон 21, 61 Еко, Умберто 59 зонирање 44, 103 Жижек, Славој 107 Илич, Фран 50-52 Иригаре, Лис 26 јавен простор дефиниција 70 функции 72-73 јавна уметност 113, 115, 118, 119 Келнер, Даглас 81, 90, 92 131 Клајн, Наоми 69, 102, 106, 107, 117 Коен, Едвард 39 Кон, Маргарет 76 Кристоф, Ладис 13 културно попречување 105-109 Леви, Примо 29 Лефевр, Анри 75 Лефор, Клод 67 Маркс, Карл 91 Маркс, Гери 16, 19, 40, 43 Мекартур, Даглас 33 Мичел, Дон 73, 74, 78 Муф, Шантал 94-95 надзор 19, 22, 40-45, 68, 76-78 надидентификација 107 Негри, Антонио 43-44 Омае, Кеничи 39 Пелерин, Хелен 16, 25, 30, 32, 45 Прескот, Џ.Р.В.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За ништо друго не се сеќавам освен за нејзиното име кое во превод значи: Убавата - Дуња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овој пат „Маргина”, во превод на Павел Попов, претставува еден малку поинаков избор, некои не многу познати текстови на Хармс, откриени во поново време. okno.mk | Margina #3 [1994] 53 САБЈА †1 Животот се дели на неработно и работно време.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)