во (предл.) - посета (имн.)

Атанас Бамбо тврдеше дека човекот не бил никој друг, туку Мајк, Методија, Зуноски, кој е дојден во посета на родниот крај и кој, повеќето време, престојува во Монастир кај свои роднини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна видов дека неговата посета беше сврзана со една душевна потреба на човек кој дошол во посета на својот крај по многу години и ништо друго посебно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Безмалку бев го заборавил, а не смеев, зашто ми најавуваше дека се подготвувал да дојде во посета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ја барам Вашата поддршка во однос на она што притоа му го наложив”, одговори Беренц, иако беше известен дека веднаш по посетата кај него градоначалникот бил во посета на владиката.  „Вчера се видов и јас со господинот Карер, но тоа беше една неслужебна средба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„За што се работи, командиру?“ „Нам ни е неопходна деталната листа на еврејските семејства што тука живеат”, рече Беренц.  „И?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Слободните часови решив да ги користам во посета на неговите врвови - на „Монмартр“, кај сликарите скитници и на „Пигал“, еден од најпознатите квартови во светот, чии одредени атрибути го прават Париз уште попознат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
1. Една вечер, додека сѐ уште живеев на Големата Улица во Монро, ми дојде во посета Изаму Ногучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога поминаа седум дена, Хаосот умре. 184 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јошида ми рече дека има нешто што авторот пропуштил да го истакне, т.е. дека во Јапонија во овој момент живее еден многу ценет стрелец кој досега сѐ уште не успеал да го погоди средиштето на метата во среде бел ден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прозорците немаа ниту завеси ниту било каква заштита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Играчите тоа го докажуваат: потоа, зад сцената, ми кажуваат кои приказни најмногу им се допаднале. Kако да поминеш, удриш, паднеш и потрчаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
13. Четирите Магли на Хаосот, Северната, Источната, Западната и Јужната, појдоа во посета на самиот Хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше периодот кога тој ги почна своите истражувања за “Невестата и додворувачите” - тема што ќе го преокупира следните 15, 16 години. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Цел ден го поминав во посета на старите гробишта Pere Lachaise.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дали доаѓаа во посета некои високи личности?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие постојано ме молат да ги однесам во Гнездо во посета на тетка им, ама јас одбивам. Тоа не е место за деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му кажуваше дека доволно е некоја жена да се побуни за своите права во бракот, и мажот да ја пријави како луда, па да ја сместат зад решетки; доволно е сестрата да побара имотни права по смртта на родителите, и браќата да ја сместат во лудница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ја земав Клара со себе, кога одев во посета на брат ми во болницата, и тогаш се распрашуваше како да им се помогне на оние жени кои без потреба и насила ги носат во лудниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јохана тргна кон својот дом, јас кон својот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го читам 22-то пеење: „Уште денес мислам на Неа, со полузатворени очи кои излеваат љубов на витото тело, опуштената роба и густите коси, на дивите патки во лотосовата градина на љубовта, и на идниот живот, и на крајот, повторно се сеќавам“ ДВЕ ЖЕНИ „...кога докторот ПолБрантон отиде во посета кај Махариши Раман, тој го запраша зошто дошол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Им се радувам како што им се радував на бонбончињата што знаев дека ќе ги добијам од „волшебниот“ џеб на престилката од баба ми кога ни доаѓаше во посета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се договоривме, најдовме поволен датум и јас вчера бев во посета на конзуло.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така обновениот брод Галеб, на 7 март 1953-та, од пристаништето Зеленика кај Бока Которска ќе замине во посета на Велика Британија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш војската имаше осум подморници, две големи и шест мали. Ние бевме во посета на една од големите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пловидбата продолжуваше до новиот пристан, во смиреното море, на брегот каде што го очекуваа пријателите на Југославија, неврзаните...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еднаш, како дете, вели тој, кога бев во болница, во детско, на едно друго дете му дојде мајка му во посета.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
13. По неколкуте напорни денови, но исполенети со среќа и убави доживувања и средби на YALE, Мелинда и нејзините синови нѐ зедоа со две коли, во посета кај нив дома.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дека се договорила и со сестра ѝ Наде, заедно да ѝ дојдат во посета.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уживајте во вратоломиите на еден од неопходно најслободните преводи што било кога се појавиле на македонски. Margina #21 [1995] | okno.mk 113 КОНТРАКРОСТИХПУНКТ Ахил беше дошол во посета на својата пријателка и партнерка за џогинг, г-ѓа Желка, во нејзиниот дом.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Кога ли успеавте да ја соберете оваа прекрасна збирка на бумеранзи, пријателке драга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Понекогаш му се јавува и од Лаврион, кога е во посета на своите родители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден ден им дојдоа во посета некои големци со ширити и друга нишани.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неосетно, и моето тело минува во друго, во предмет на сликата во масло „Македонецот во посета на домот на Фиона“ или нешто слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во нивните отворени усти се напикани стебленца, лисја и цветови, размачкани со булкин сок како крв.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
В ред, Пикасо е овде, долу крај брегот, само неколку километри одовде, во посета на своите пријатели од малото рибарско гратче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А можеби бев и во посета кај Стариот писател Зрновски – се послужив со овој штотуку ископан податок, кој и за мене сè уште претставуваше обична претпоставка! – Или, само ми се причинува дека бев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат такви моменти кога самоконтролата затајува. (Нели, чудесна самооценка!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Најдов пак за Бунец!“ радосно извика Мими и фати да чита: „ Во посета на детското одмаралиште Бунец - Маврово - СКИЈАЊЕ, САНКАЊЕ, СОНЧАЊЕ/ Прекрасно е на падините на волшебната Бистра!“ велат деновиве во еден глас малите зимувачи од повеќе места од земјата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стиgна веста за смрtта на татковата сестра Фатмира.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето патување за Тирана во посета на мојот пријател, амбасадорот на Франција Патрик Крисман и преведувач на мојата балканска сага, повторно патував во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас патував во Тирана во посета на Патрик Крисман, со цел заеднички да провериме некои места од преводот на наредната книга Балкански клуч од балканската сага што требаше да биде објавена кај истиот издавач Фајар, а за што имав потпишано договор.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За време на посетата тие употребиле фотоапарат со кој ги сликале централата и околните објекти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, во почетокот на декември 1944 година, Дикинсон со некои од своите луѓе го напуштиле Скопје и заминале во посета на хидроцентралата Матка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Почнав да одам во посета речиси секој ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)