во (предл.) - полукруг (имн.)

Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На знак на Абдурахим Али и при уште посилно трештење на зурлите и тапанот, борбата отпочна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поминаа низ Бавчанџиско Сокаче, од под Саат, низ Казанџиско Сокаче, покрај Шарена чешма и низ Вишне Маало излегоа на Али Чешма, а таму ги дочека мноштво народ и сите прилепски првенци, Турци и христијани, веќе поседнати во полукруг на тревата на веленица што си ги донесле од дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој беше убав на лице. Чело високо, издадено, сето лице правилно исечено, и само една танка линија во полукруг десно од устата ја нарушуваше правилноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се навалуваат на левото крило, свртуваат во полукруг, ја бијат Сува Гора и се губат зад планината Врба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој се врти во полукруг и од него панорамно се посматра целиот град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Горните камења наредени во полукруг, личеа на спотнато намуртено чело на стар изморен џин.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во полукруг пред поканетите наредени се девојки со долги бели копринети облеки облечени на голо, боси, со косите распуштени, со рацете раширени и сите во цутот на првата младост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Средовечната госпоѓа беше со изразито црна коса, малку приобоена, што и завршуваше во локна во полукруг околу вратот, со исто така црни, големки очи, носот изразито издолжено спуштен над горната уста и малку подзапрчен над полничката горна усна поради што горните заби, бели и сочни ѝ остануваа подоткриени. Беше дискретно нашминкана.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги наредив бомбоните во полукруг, од ѕидот откај што излегуваа кон балконот, и на балконот, до самата ограда, ги ставив најголемите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Јас, инаку, тоа ви е познато, ги мразам јамболлиите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На ниски сликарски ногарки, пред кои се наоѓа фотелја (Трошчејкин секогаш работи седејќи), - скоро завршен портрет на момче во сино, со пет тркалезни празнини (каде што ќе бидат насликани пет топки), што се наоѓаат во полукруг крај неговите нозе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)